Скопје
„На Скопје му треба решение за автобуски превоз од понеделник, а не по една година како што бара Арсовска“, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„Данела Арсовска не изнесе никаков план за решавање на состојбите во ЈСП и надминување на состојбите со хаосот со јавниот превоз. Нејзиниот единствен предлог беше задолжување на градот за набавка на нови автобуси кои би дошле по една година“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата е дека на Скопјани не им треба решение по една година какво предвидува Арсовска и тоа преку ново нилионско задолжување на градот, туку решение кое ќе почне да функционира од понеделник кога стартува новата учебна година. Тоа што СДС, ДУИ и Арсовска се обединија околу раскрчмување на градските ресурси говори за тоа колку неспособноста и криминалните мотиви се присутни при носењето на одлуки во Скопје. Арсовска не изнесе никаков план иако ветуваше решенија“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

