Свет
(Видео) Дупка длабока над 2 метра проголта автомобил на фреквентен пат во Сеул: снимен моментот на несреќата
Во Сеул на фреквентен пат се отворила огромна дупка која буквално проголтала автомобил, а во таа прилика биле повредени маж (82) и жена (76).
Оваа несреќа се случи на 29 август недалеку од центарот на градот.
На видеото кое беше споделено на мрежите се гледа дека сообраќајот се одвива нормално по сите коловозни ленти, но во еден момент патот пропаѓа и автомобил паѓа во дупка, пренесуваат медиумите.
Во автомобилот имало брачен пар, а во несреќата повредени се и двајцата.

Подоцна беа објавени фотографии на кои се гледа автомобилот, превртен на левата страна, во дупка длабока повеќе од два метри.
Спасувачите по пријавата излегле на местото на настанот. Го извлекле прво повредениот, кој управувал со возилото, а потоа и неговата сопруга од совозачкото седиште.

Не се соопштуваат детали поврзани со здравствената состојба на патниците. Двајцата се пренесени во најблиската болница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

