Македонија
Европскиот фронт: Не чепкајте го албанскиот јазик
Игрите со албанскиот јазик и балансерот се намерни сценарија на власта за провокација. По политичките изјави на ВМРО, ЗНАМ и други претставници на власта против Балансерот и службената употреба на албанскиот јазик, денеска слушнавме и вознемирувачка изјава од претседателот на Уставниот суд, за наводно „отстранување на дилемите“ за Балансерот и законот за јазиците, која што сметаме дека е политички мотивирана изјава, реагираат од Европскиот фронт.
Отворањето на вакви теми и секоја евентуална одлука во насока на кршење на механизмите и правата што произлегуваат од Охридскиот договор, според нив, не е ништо друго освен враќање на Северна Македонија во времето пред Охридскиот договор. Овие изјави и постапки, како што додаваат, се вистинските сценарија за провокација и јасно покажуваат кои се тие што сакаат и предизвикуваат меѓуетнички тензии.
„Сакаме да ја потсетиме актуелната власт дека за овие теми нема дилеми и се затворени со уставните амандмани и другите закони кои се во сила, кои беа изгласани со двојно и апсолутно мнозинство, од различни парламентарни состави каде што сите партии учествуваа најголем број Македонци.
Потенцијалните дилеми се разрешени во највисоката законодавна институција, во Собранието на Република Молдавија, а огромното мнозинство од нив се донесени до политички консензус.
За сите овие достигнувања кои на земјата и обезбедија меѓуетничка кохезија и еднаквоста на етничките заедници и граѓаните воопшто, како и евроатлантската иднина, гарант се меѓународниот фактор, САД и земјите-членки на ЕУ“, се истакнува во дописот од Европксиот фронт.
Ги повикуваат како што велат, албанските партии кои без легитимитет влегуваат во оваа моноетничка Влада да се повлечат од оваа авантура и да разберат дека тие се таму само за да им служат на антиалбанските проекти одобрувајќи ги со нивниот молк и сервилност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ бара одговори: Како пет тони дрога ја поминаа границата без да се забележи
По случајот со заплената на 5 тони дрога во Србија, за која постојат индиции дека потекнува од Македонија, СДСМ повикува на одговорност од институциите и посочува на можен организиран криминал со политичка поддршка.
„Цела недела помина без одговор: како е можно 5 тони дрога да ја поминат македонската граница без никој да одговара?“, прашуваат од СДСМ во денешното соопштение, посочувајќи дека ваков криминал не може да се одвива без логистика, поддршка и заштита од структури на власта.
Од партијата потсетуваат дека на граничните премини постојат камери од проектот „Сејф сити“, скенери, мобилни царински служби и други форми на контрола, што, според нив, ја прави невозможна ваква пратка да помине незабележано.
СДСМ истакнува дека случајот во Србија, според информации во медиумите, е поврзан со владејачката партија СНС – сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, како и со државни функционери.
„Ова е организиран криминал со политичка заштита. Кој во врвот на власта, во МВР, Царината и другите надлежни институции е соучесник?“, прашуваат од СДСМ.
Од партијата обвинуваат и за дефокус: „Наместо одговори, гледаме обиди на власта за дефокус преку медиумски кампањи, со цел политичка злоупотреба и напади врз СДСМ.“
СДСМ порачува дека „картелскиот скандал води до врвот на власта“ и дека мора да има одговорност.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис
Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана на својот криминал кој изминативе денови се запленува во форма на дрога од неговата му родна Струмица, велат од ВМРО-ДПМНЕ по објавата на експремиерот Заев на социјалните мрежи, во која тврди дека владејачката партија шири лаги.
„Негови први пријатели на кои им даваше тој заедно со Венко Филипче лиценци за одгледување на марихуана за медицински цели, гледаме деновиве дека тие за тоа не го користеле канабисот туку за нелегална продажба на нелегален продукт – дрога.
Над 20 тони дрога беа изнесени само од фирмата “ЦБД Медплант” во сопственост на Христијан Котев, син на Тони Котев, претседател на ОО Ново Село во времето на Заев. Заев и Венко им дадоа лиценци на овие луѓе, а гледаме како заврши истото.
Заев е таткото на бизнисот со Канабис. Оттука нека каже дали неговото семејство и нему блиски луѓе се влезени во тој бизнис? Зошто јавно лаже?
Дополнително, за тоа дека градел облакодери во Дубаи има сведоштва од негови познаници и соработници кои јавно тоа го кажуваат. Заев треба јавно да каже врз кој основ и како стигнал до златна виза во Дубаи?
Заев е исплашен до толку од одговорност што по се изгледа, почнува да станува клаустрофобичен?
Заев се потврди дека ја води СДС, а Венко е парадерот. Одговорност и правда ќе има“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Српските медиуми објавија дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград
Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил киднапиран во текот на ноќта во близина на „Бетон хала“ во Белград, објави српскиот портал Блиц и уште десетици меидуми од таа земја.
Според информациите на медиумите, непознати сторители, по кои сè уште се трага, присилно го внеле пејачот во автомобил, барајќи откуп во износ од 20.000 евра.
Пејачот бил одведен до градот Рума, каде што, според пишувањето на Блиц, при обид полицијата да го запре возилото, киднаперите удриле во заштитна ограда покрај патот, излегле од автомобилот и побегнале.
Даниел Кајмакоски во Србија е познат како победник на првата сезона од регионалното музичко натпреварување „Икс фактор“. Во 2015 година ја претставуваше Македонија на изборот за Песна на Евровизија во Виена со песната „Лисја есенски“, но не успеа да се пласира во финалето.
Засега нема официјални информации од надлежните власти за случајот.

