Спорт
Лига Европа: Мурињо се враќа во Манчестер, Рома на Тотенхем, Ајакс на Лацио
Денеска во Монте Карло е извшена ждрепката за новиот формат на Лига Европа.
Ждрепка за клубовите од првиот шешир:
Ренџерс: Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Лион, Олимпијакос, Унион Сен Жилоа, Малме, Стеауа, Ница
Рома: Ајнтрахт Франкфурт, Тотенхем, Брага, АЗ Алкмар, Динамо Киев, Унион Жен Жилоа, Атлетик Билбао, Елфсборг
Ајнтрахт Франкфурт: Рома, Славија, Ференцварош, Лион, Плзен, Митјлинад, РФС, Бешикташ
Порто: Манчестер Јунајтед, Лацио, Олимпијакос, Макаби, Митјлинад, Боде Глимт, Хофенхајм, Андерлехт
Славија Прага: Ајнтрахт Франкфурт, Ајакс, Фенербахче, ПАОК, Малме, Лудогорец, Андерлехт, Атлетик Билбао
Манчестер Јунајтед: Порто, Ренџерс, ПАОК, Фенербахче, Боде Глимт, Пилсен, Твенте, Стеауа
Тотенхем: Ренџерс, Рома, АЗ Алкмар, Ференцварош, Карабаг, Галатасарај, Елфсборг, Хофенхајм
Лацио: Порто, Ајакс, Реал Сосиедад, Брага, Лудогорец, Динамо Киев, Ница, Твенте
Ајакс: Славија, Лацио, Макаби, Реал Сосиедад, Галатасарај, Карабаг, Бешикташ, РФС
Ждрепка за екипи од вториот шешир:
Макаби Тел Авив: Ајакс, Порто, Реал Сосиедад, Брага, Митјиланд, Боде Глимт, РФС, Бешикташ
Фенербахче: Манчестер Јунајтед, Славија, Прага, Лион, АЗ Алкмар, Унион Сен Жилоа, Митјиланд, Атлетик Билбао, Твенте
Ференцварош: Тотенхем, Ајнтрахт Франкфурт, АЗ Алкмар, ПАОК, Малме, Динамо Киев, Ница, Андерлехт
ПАОК: Ференцварош, Славија, Манчестер Јунајтед, Сосиедад, Пилсен, Стеауа, Галатасарај, РФС
Брага: Макаби, Рома, Лацио, Олимпијакос, Боде Глимт, Унион Сен Жилоа, Хофенхајм, Елфсборг
Реал Сосиедад: Ајакс, Лацио, ПАОК, Макаби, Динамо Киев, Плзен, Андерлехт, Ница
Олимпијакос: Ренџерс, Порто, Брага, Лион, Карабаг, Малме, Твенте, Стеауа
АЗ Алкмар: Рома, Тотенхем, Фенербахче, Ференцварош, Галатасарај, Лудогорец, Елфсборг, Атлетик Билбао
Лион: Ајнтрахт Франкфурт, Ренџерс, Олимпијакос, Фенербахче, Лудогорец, Карабаг, Бешикташ, Хофенхајм
Ждрепка за екипи од третиот шешир:
Унион Сен Жилоа: Рома, Ренџерс, Брага, Фенербахче, Боде Глимт, Митјиланд, Ница, Твенте
Лудогорец: Славија, Лацио, АЗ Алкмар, Лион, Митјлинад, Пилсен, Андерлехт, Атлетик Билбао
Малме: Ренџерс, Славија, Олимпијакос, Фенербахче, Карабаг, Твенте, Бешикташ
Галатасарај: Тотенхем, Ајакс, ПАОК, АЗ Алкмар, Динамо Киев, Малме, Елфсборг, РФС
Динамо Киев: Лацио, Рома, Ференцварош, Реал Сосиедад, Пилсен, Галатасарај, РФС, Хофенхајм
Митјиланд: Ајнтрахт Франкфурт, Порто, Фенербахче, Макаби, Унион, Хофенхајм, Стеауа
Карабаг: Ајакс, Тотенхем, Лион, Олимпијакос, Малме, Боде Глимт, Стеауа, Елфсборг
Боде Глимт: Порто, Манчестер Јунајтед, Макаби, Брага, Карабаг, Унион Сен Жилоа, Бешикташ, Ница
Пилзен: Манчестер Јунајтед, Ајнтрахт Франкфурт, Реал Сосиедад, ПАОК, Лудогорец, Динамо Киев, Андерлехт, Атлетик Билбао
Ждрепка за екипи од четвртиот шешир:
Бешикташ: Ајнтрахт Франкфурт, Ајакс, Макаби, Лион, Малме, Бодо Глимт, Атлетик Билбао, Твенте
Хофенхајм: Тотенхем, Порто, Лион, Брага, Динамо Киев, Митјиланд, Стеауа, Андерлехт
Твенте: Лацио, Манчестер Јунајтед, Фенербахче, Унион Сен Жилоа, Олимпијакос, Малме, Бешикташ, Ница
Елфсборг: Рома, Тотенхем, Брага, АЗ Алкмар, Карабаг, Галатасарај, Ница, Атлетик Билбао
Атлетик Билбао: Славија, Рома, АЗ Алкмар, Фенербахче, Пилсен, Лудогорец
Андерлехт: Порто, Славија, Ференцварош, Рел Сосиедад, Лудогодрец, Пилсен, Хофенхајм, РФС
Стеауа: Манчестер Јунајтед, Ренџерс, Олимпијакос, ПАОК, Митлинад, ПАОК, РФС
Ница: Ренџерс, Лацио, Реал Сосиедад, Ференцварош, Бодо, Унион Сен Жилоа, Твенте, Елфсборг
РФС: Ајакс, Франкфурт, ПАОК, Макаби, Галатасрај, Динамо Киев, Андерлехт, Стеауа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Галатасарај со Осимен го растури Фенербахче на Жозе Мурињо
Во големото дерби на турскиот фудбал, актуелниот шампион Галатасарај победи со 3:1 на стадионот на Фенербахче. Галатасарај има шест победи со што го изедначи најдобриот старт на клубот во Супер лигата.
Гостите поведоа во 21. минута со автоголот на Доминик Ливаковиќ. Топката по ударот на Лукас Тореира се одби од стативата се одби од грбот на Ливаковиќ и заврши во голот.
Осум минути подоцна беше 2:0 за гостинскиот тим, а во главните улоги беа двајца поранешни играчи на Наполи.
Виктор Осимен, големото засилување на Галата оваа сезона, атрактивно со гради му асистираше на Дрис Мертенс, а ветеранот ја зголеми предноста на својот тим.
Кога во 60. минута 20-годишниот Бразилец Габриел Сара зголеми на 3:0, јасно беше дека Фенербахче ќе го доживее првиот пораз сезонава.
Две минути подцна Џеко од пенал постигна гол за Фенербахче. До крајот на мечот Фенербахче напаѓаше, имаа играчите на Жозе Мурињо две добри шанси но резултатот остана 1:3.
Галатасарај по првите шест кола има исто толку победи, на табелата има пет поени повеќе од Фенербахче.
Спорт
Шаховска партија во Торино, Јуве и Наполи ремизираа без голови
Фудбалрите на Јувентус и Наполи го разочараа фудбалскиот аудиториум во Италија, одиграа без гоови во дербито.
Првото полувреме мина во јалова иницијатива на Јувентус. Повеќе се играше на половината на Наполи, но без конкретна шанса за гол.
Во вторито дел Јувентус тргна поофанзивно кон голот на Наполи и со тоа покажа дека сака да победи.
Свои шанси имаа Веа и Јилдиз, но како се ближеше крајот на натпреварот се поизвесно беше дека ова дерби ќе заврши без голови.
Ова е трет натпревар во низа кој Јувнетус го одигра без голови. Избраниците на Тиаго Мота сепак не примија гол во домашниот шампионат.
Спорт
(Видео) Миовски стартер, Џирона загуби во Валенсија
Бојан Миовски го забележа првиот старт во Примера, но неговата Џирона доживеа пораз во Валенсија. „Љиљаците“ во шестото коло ја забележаа првата победа во новата сезона.
Првото полувреме беше здодевно, а двата гола беа постигнати во рок од две минути во второто полувреме. Капитенот на Џирона, Хуанпе Рамирез, си постигна авто гол во 56.минута, а две минути подцна топката во мрежата на Пауло Газанига ја смести Дани Гомез.
Миовски како и целиот тим на Џирона одигра просечен натшревар, очигледно врз екипата на Мичел остави трага тешкиот натпревар во Париз против ПСЖ во Лигата на шампионите.