Скопје
Мицкоски и Стефковски ги пречекаа првачињата во Автокоманда

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, пратениците Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски и Дијана Илиевска присуствуваа на пречекот на првачињата во ООУ Стив Наумов во Автокоманда.
По завршување на пречекот на првачињата, градоначалникот Стефковски, премиерот Мицкоски и министерката Јаневска ги доделија бесплатните училишни униформи кои општина Гази Баба ги обезбедува за сите 6800 ученици, проект вреден 14.000.000 денари.
За посетата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук.
„На сите ученици и наставници да Ви го честитам почетокот на новата учебна година и Ви посакувам успех во учењето и работата.
Утрово заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, пратениците, советниците и голем број родители бевме во општинското основно училиште Стив Наумов.
Мојата порака до учениците е: образованието е едно долго патување. Другарувајте со книгите, бидејќи тие ќе Ви помогнат да стекнете нови знаења. На ова долго патување не заборавајте да другарувате помеѓу себе, бидејќи зад училишните клупи ќе го поминете најубавиот период од својот живот.
Мојата порака до наставниците е: бидете креативни во работата бидејќи вие сте клучот за квалитетното образование на нашите деца. Бидете поддршка, инспирација и поттик на учениците за заедно да создадеме силни индивидуи кои утре ќе бидат движечка сила на општината и државата.
Мојата порака до родителите е: бидете без грижа, Вашите најмили ги оставате во рацете на искусни просветни работници кои зад себе имаат создадено генерации на луѓе кои денес имаат различни одговорности во општеството.
Нека е со среќа почетокот на учебната година. Нека е со среќа почетокот на процесот на образованието на новите првачиња“, напиша Стефковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од општина Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата 2 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.35 до 12.00 часот, корисниците од улиците Студеничанска и Драчевска, како и корисниците од реонот кој гравитира кон улицата Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Нов уметнички мурал на „Бушава азбука“ во Дебар Маало, Центар како светските метрополи

Во срцето на Дебар Маало, центарци добија нов уметнички мурал посветен на легендарната детска емисија „Бушава азбука“, создаден по повод 40 години од првото емитување на овој едукативен серијал.
Автори на муралот се уметниците Драган Китановски Драш и Мирослав Грчев Микс, двајца истакнати креативци кои зад себе имаат децении визуелна и културна работа.
Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека муралот е дел од континуираната заложба на општината да го разубавува јавниот простор преку уметност, како што тоа го прават многу светски метрополи.
„Проектот е поддржан од Општина Центар, како дел од програмата за развој културата. Муралот е избран преку јавен повик, со што уште еднаш покажуваме дека транспарентно го поддржуваме домашниот уметнички потенцијал. Муралот нѐ потсетува на детството, на знаењето, на љубопитноста”, вели Герасимовски.
Свеченото отворање на муралот ќе се одржи на 31 август, кога симболично започнува и одбележувањето на четири децении Бушава азбука, проект кој остави трајна вредност во македонската култура.