Спорт
Најголемата онлајн добивкa од речиси 5.000.000 денари на видеолотарија во Македонија се падна во Mozzart!
За некого изминатиов викенд беше еден сосема обичен, но за играчот Иван на mozzartbetonline.mk е викендот кога освои вртоглава сума од 4.696.480 денари и стана милионерот со најголемата онлајн добивка на видеолотарија која некогаш се паднала во Македонија, a каде ако не во MOZZART!
Големите добивки се редовни на новата и најдобра онлајн платформа за игри на среќа www.mozzartbetonline.mk, a оваа добивка вредна повеќе од 76.000 евра се падна на играта Sweet Bonanza 1000 на провајдерот Pragmatic Play! 🍭
Како изгледаше неговата игра и како дојде до добивката, погледнете ОВДЕ.

Инаку, на mozzartbetonline.mk покрај огромниот избор на видеолотариски игри од најпознатите светски провајдери, најдобри квоти за спортско обложување, казино во живо и голем избор на виртуелни игри, има многу акции и бонуси кои можат да ви ја зголемат добивката.
Сите регистрирани играчи имаат можност да го завртат тркалото на среќата и да преземат до 50.000 денари бонус на првиот депозит. Тука е и Супер мулти бонусот за спортско обложување, со кој што можете да ја зголемите добивката за 1.000%. Проверете ги сите тековни акции на овој ЛИНК.
Среќата беше на страната на Иван, а дали си ти следниот кој е на еден спин од луда добивка? 👀
Кликни веднаш на најдобрата онлјан платформа во Македонија mozzartbetonline.mk и уживај во твојата игра!
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Натпревар со играчи од 69 различни земји
Светската фудбалска федерација (ФИФА) излезе со оригинална идеја да постави нов Гинисов рекорд, организираше фудбалски натпревар со најголем број играчи од различни националности!
Настанот беше организиран во среда во Мароко во спортскиот комплекс „Фудбалски комплекс Мохамед VI“, во близина на градот Сале, веднаш до Рабат.
ФИФА ги ангажираше своите вработени за потребите на овој рекорд, точно 69 од нив од исто толку различни земји.
И мажи и жени беа на теренот.
Затоа, секој учесник од 69 земји мораше да помине на теренот и да игра најмалку 10 минути за да биде официјално признаен рекордот. Натпреварот беше симболичен настан што ја слави различноста и обединувачкиот дух на фудбалот.
„Фудбалот е спорт што им припаѓа на сите, без оглед на границите и пасошите“, рекоа учесниците на овој необичен настан.
Претходниот рекорд го држеше британската организација „Equal Playing Field“ во 2019 година, со играчи од 53 различни националности.
Настанот се одржа недалеку од Рабат каде што ФИФА основа нов регионален центар, со оглед на тоа што Мароко, заедно со Шпанија и Португалија, ќе бидат домаќини на Светското првенство во 2030 година.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Синер: Прво му се восхитував на Роџер, потоа на Рафа, а потоа го открив Новак
Јаник Синер е најдобриот тенисер во светот, тој е идол за многумина поради начинот на кој игра тенис, но и победува. Италијанецот е вистинска машина за успех, изненадувањата се речиси невозможни во неговата кариера. Вистинска статистичка грешка.
Синер се наоѓа во Торино, каде се подготвува за последниот турнир во годината, а на новинарот на „Скај Спорт Италија“ му откри кои се неговите идоли.
„Прво беше Андреас Сепи“ – го посочува италијанскиот тенисер кој е роден во истиот дел од Италија како и Синер. Германскиот му е мајчин јазик. Сепи беше 18-ти во светот во 2013 година.
Секако, како што растеа тениските апетити на Синер, така растеа и идолите:
„Потоа стана Роџер Федерер. Подоцна го запознав Рафаел Надал и си помислив: „тој е неверојатен“. А потоа го открив Новак и си помислив „неверојатно е што прави“ – објасни тој и тоа се гледа во неговото играње. Речиси го има ископирано стилот на Ѓоковиќ.
Во последните две години, Синер ги делеше титулите на Гренд слем со Карлос Алкараз, двајцата освоија по четири.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.

