Македонија
Гаши – Меидани: Во фокусот заедничкиот интерес на двете земји за забрзување на процесите за членство во ЕУ
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, му посака добредојде и успешна работа во Скопје на новоименуваниот амбасадор на Албанија во земјата, Денион Меидани.
На денешната средба во Собранието, Гаши и Меидани ги истакнаа добрососедските односи и значајната соработка меѓу Северна Македонија и Република Албанија во повеќе области заложувајќи се за нивно понатамошно надградување.
Соговорниците разговараа и за можноста за иницирање договор за добрососедство како круна на тридецениските дипломатски односи меѓу двете земји и како основа за јакнење на пријателството и соработката во иднина.
Се разговараше и за засилување на парламентарната соработка во контекст на скорешната посета на Скопје на претседателката на законодавниот дом на Албанија.
На средбата беше истакната и важноста на регионалната соработка, како и заедничкиот интерес на Северна Македонија и на Албанија за забрзување на процесите за членство во Европската Унија.
Претседателот Гаши и амбасадорот Меидани разменија мислења и за значењето на Коридорот 8 во контекст на потребата од подинамична економска соработка и зголемување на трговијата и со цел поголема инфраструктурна и енергетска поврзаност меѓу двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

