Македонија
(Видео) Талески: Власта на ВМРО-ДПМНЕ има катастрофален почеток, ја боли неуспехот
ВМРО – ДПМНЕ имаат катастрофален почеток откако се на власт и тоа се случува во секој во секој сегмент од функционирањето на животот на граѓаните. Буквално, сè што фатија во овие неполни два месеци направија пепел и пустош и ги излажаа граѓаните, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниската седница за интерепелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши.
„Овде денес, место да разговараме за интерпелацијата на претседателот на собранието, ДПМНЕ ги боли за нивниот неуспех. Тие на граѓаните им кажуваа дека првата одлука што ќе ја донесат кога ќе дојдат на власт, ќе биде промена на името Северна, ама излажаа. Ги излажаа граѓаните и за платите и за пензиите. ДПМНЕ имаат тотален крах и катастрофален почеток на партиципирање на власт и тоа допрва ќе ги боли“, рече Талески.
Тој истакна дека пратениците на ДПМНЕ, особено ги боли кога ќе се спомне името Мицковски, за кој забораваат дека не е само претседател на политичка партија, туку премиер, кој дал ветувања пред граѓаните.
„Колку и да сакаат да му се додворуваат на Мицковски, дека тој е величествениот, очигледно заборават дека тој е премиер кој превзел одговорност, која треба да ја исполни пред граѓаните, рече Талески.
Она што гледаме, додаде Талески, е дека ДПМНЕ не се ни малку изменети од нивната матрица која ја имаа пред 11 години, а нивното однесување како партија на власт е срамно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

