Црна хроника
Се испитува одговорноста на две лица за сообраќајката во која загинаа татко и син на автопатот Скопје – Куманово
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за определување мерка краткотраен притвор за две лица за кои се во тек проверки на сомненијата дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 298 став 1 од Кривичниот законик.
Се преземаат дејствија со кои се испитува одговорноста на двете лица за сообраќајната несреќа која се случи вчера на автопатот Скопје – Куманово, на околу два километри пред наплатната станица Миладиновци, во која автомобил „Мерцедес“ удри во товарно возило, сопственост на правно лице ангажирано на проект за изведување работи на патот, кое било запрено на сообраќајна лента од автопатот. Во несреќата животот го загубија возачот на автомобилот „Мерцедес“ и неговиот малолетен син.
Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за сообраќајно техничко вештачење, наредба за анализа и утврдување на присуство на алкохол, опојни дроги, психотропни супстанци и други прекурсори, во крвта и урината на возачот на товарното возило, наредба за обдукција на телата на починатите, барање за вонреден технички преглед на патничиот автомобил, како и барање за вонреден надзор од страна на Државниот инспекторат за транспорт и инспектори од областа сообраќај и патишта на местото на настанот, односно на дел од автопатот Скопје – Куманово, каде што се вршат градежни работи на патот.
Дополнително се преземаат мерки со цел да се извршат проверки дали на местото на настанот каде што се изведувале работи на пат биле преземени сите мерки за соодветна сигнализација пред и околу местото каде што се изведуваат работите.
Имајќи предвид дека Јавниот обвинител во овој момент се уште нема донесено Наредба за спроведување истражна постапка, а бидејќи станува збор за кривично правен настан во кој е потребно да се преземат повеќе истражни дејствија со цел испитување на евентуална кривична одговорност, јавниот обвинител побара на двете задржани лица да им биде определен краткотраен притвор од 48 часа со цел да се обезбеди нивното присуство и натамошното водење на постапката.
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за определување мерка краткотраен притвор за две лица за кои се во тек проверки на сомненијата дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 298 став 1 од Кривичниот законик.
Се преземаат дејствија со кои се испитува одговорноста на двете лица за сообраќајната несреќа која се случи вчера на автопатот Скопје – Куманово, на околу два километри пред наплатната станица Миладиновци, во која автомобил „Мерцедес“ удри во товарно возило, сопственост на правно лице ангажирано на проект за изведување работи на патот, кое било запрено на сообраќајна лента од автопатот. Во несреќата животот го загубија возачот на автомобилот „Мерцедес“ и неговиот малолетен син.
Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за сообраќајно техничко вештачење, наредба за анализа и утврдување на присуство на алкохол, опојни дроги, психотропни супстанци и други прекурсори, во крвта и урината на возачот на товарното возило, наредба за обдукција на телата на починатите, барање за вонреден технички преглед на патничиот автомобил, како и барање за вонреден надзор од страна на Државниот инспекторат за транспорт и инспектори од областа сообраќај и патишта на местото на настанот, односно на дел од автопатот Скопје – Куманово, каде што се вршат градежни работи на патот.
Дополнително, како што соопштија надлежните, се преземаат мерки со цел да се извршат проверки дали на местото на настанот каде што се изведувале работи на пат биле преземени сите мерки за соодветна сигнализација пред и околу местото каде што се изведуваат работите.
Имајќи предвид дека Јавниот обвинител во овој момент се уште нема донесено Наредба за спроведување истражна постапка, а бидејќи станува збор за кривично правен настан во кој е потребно да се преземат повеќе истражни дејствија со цел испитување на евентуална кривична одговорност, јавниот обвинител побара на двете задржани лица да им биде определен краткотраен притвор од 48 часа со цел да се обезбеди нивното присуство и натамошното водење на постапката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело – Даночно затајување.
Во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ од 64.924.298 денари или за повеќе од еден милион евра.
Двајцата, во својство на сопственици и управители на правно лице од Скопје, со намера да избегнaт целосно плаќање на персонален данок на доход од 11,11% и данок на додадена вредност од 18% на кои биле обврзани со закон, дале лажни податоци или воопшто не пријавиле факти од влијание за утврдување на износот на ваквите обврски, па поради тоа дошло до неутврдување на даночната обврска.
Затајувањето го вршеле така што избегнувале да ги пријават законските даночни обврски од трговија со златен накит, златни прачки и необработено сребро, како и необработениот кало-растур.
Ценејќи ги сите околности, пред се ризикот од бегство, можноста да продолжат да го извршуваат делото и опасноста од влијание на сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Црна хроника
Уапсен скопјанец: бил баран по потерница за издржување казна затвор поради грабнување и силување
Вчера, во 14:20 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Одделот за криминалистички работи – Кисела Вода, при СВР Скопје, по издадена судска наредба, го лишија од слобода С.Х. (40) од Скопје.
Лицето било барано по потерница за издржување казна затвор во времетраење од четири години и 10 месеци, поради сторени кривични дела „грабнување“ и „силување“.
По целосно документирање на случајот, лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа.
Црна хроника
Претрес во Гевгелиско: пронајдена дрога и откриена импровизирана лабораторија
На 17.12.2025 во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица.
При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се повеќе различни пакувања со марихуана, бела прашкаста материја, повеќе шишиња исполнети со течност, дигитални ваги, предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети наменети за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.
Лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија и по поднесување на кривична пријава се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определи мерка домашен притвор.

