Македонија
„Бисера Антоанета не знаела да сопре со трошење народни пари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Не поминувало патување на Бисера Антоанета, а таа со народни пари да не си купи нешто за лични потреби. Куфер купувала, како што самата кажа на патувањето во Лондон, бидејќи според нејзини зборови и бил загубен багажот од авио компанијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Но, фактите говорат друго. И на патувањето во Ријад и Брисел пак купила куфер. Секако Бисера Антоанета не би била Бисера Антоанета ако не потрошела пари на граѓаните за лични потреби. Куфер повеќе секогаш ќе служи, ако не на неа, ќе позајмува на блиски.
Бисера Антоанета за патувањето прво во Ријад во септември 2023 година, потоа истиот месец во Брисел, земала кеш од Министерството или 2000 долари и 900 евра.
Бисера Антоанета со тие пари продолжила да си пазари за себе, и така пак купила куфер кој овој пат ја чинел 38 евра, купила и 5 дреса за 70 евра, во Парфоа, продавница која ја има и во Македонија потрошила 20 евра, а за 35 евра си купила и козметички производи, за 39 евра си купила кошула, потоа поло маици за 95 евра.
Бисера Антоанета на патувањата покажала само едно дека знае како да си пазари за лични цели со народни пари.
Ова расипничко однесување на Бисера Антоанета е само еден пример како претходната влада ги трошела парите на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

