Скопје
Герасимовски: Се гордеам што ООУ ,,Кочо Рацин” во мојот мандат доби модерна реконструирана спортска сала

Општина Центар овозможи успешен старт на новата учебна година во ООУ „Кочо Рацин“, кои добија целосно реконструирана и модерна фискултурна сала, извести општината.
„Реконструкцијата е изведена според најсовремените стандарди, и горд сум што оваа значајна инвестиција во спортската инфраструктура се реализира во мојот мандат. Ова е прва целосна реконструкција на училиштната спортска сала по цели 80 години“, изјави Герасимовски, кој ја искористи можноста да одигра партија баскет со учениците.
Реконструираната сала, со површина од 800 метри квадратни, доби нов висококвалитетен паркет, дополнително осветлување, израмнети и варосани ѕидови. Дел од старите спортски реквизити се обновени, а поставени се нови кошеви.
Целосната реконструкција на спортската сала е финансирана од општинскиот буџет, со износ од 5 милиони денари.
Покрај оваа инвестиција, во завршна фаза е изградбата на пристапна рампа на влезот од училиштето и четири тоалети за деца со телесна попреченост, финансирани од Светска банка, соопшти општината.
Следната недела се очекува да биде завршено реновирањето на четири кабинети за физика, хемија, музичко/ликовно и германски јазик, каде што се реконструираат подовите, електричната и водоводната инсталација, плафонот и ѕидовите. Овој проект, во вредност од 65 000 евра, е финансиран од Министерството за образование и наука.
Дополнително, монтирани се две смарт табли, обезбедени од општинскиот буџет. Во тек е и реконструкција на четири помошни простории, четири тоалети, ходници и безбедносна ограда на постојните скали, информира општината.
Со средства собрани од училишните базари се обновува и надворешната фасада на стариот дел од училиштето.
Градоначалникот Горан Герасимовски најави дека нема да запрат тука.
„Продолжуваме со унапредување и модернизирање на образовниот процес во сите центарски училишта“, изјави Герасимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)