Регион
„Лекарите рекоа дека се борел како лав“: менаџерот на Бора Чорба откри како изгледале последните денови на рокерот

По долго и тешко боледување, денеска, на 71-годишна возраст, во Љубљана почина Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата „Рибља чорба“.
Менаџерот на групата „Рибља Чорба“, Бане Обрадовиќ, откри дека Бора Ѓорѓевиќ до последен момент се борел како лав.
„Беше болен, но се надевавме дека ќе се случи чудо. Се бореше како лав, така ни кажаа лекарите. Сѐ што му дадоа во однос на терапијата изгледа му требаше. Сите бевме изненадени, иако ја знаевме дијагнозата. Жал ни е, тој е легенда која отиде во рајот, а ангелите горе нека го заштитат“, вели Бане со треперлив глас и ја објаснува причината за смртта на Бора:
„Белите дробови беа клучни. Во еден момент повеќе не можеше да дише, а не можеше да го искашла насобраниот секрет. Потоа мораше да го интубираат и да го стават на респиратор. Десет дена беше така, лекарите му даваа лекови и инфузии. Рекоа дека е стабилен иако цело време спиеше. Ситуацијата нагло се влоши. Почина околу 4 часот наутро“, изјави Бане.
Бане откри и каде ќе биде погребан Бора.
„Обдукција нема да се врши. Семејството одлучи дека тоа не е потребно. Документите во конзулатот се привршуваат за телото да биде пренесено во Чачак, каде што ќе биде погребан, што беше негова желба и тоа јавно го кажа. Кога точно ќе биде тоа, сѐ уште не се знае бидејќи постапката сѐ уште е во тек и зависи од завршувањето на сите формалности“, додаде Бане во емисија на телевизијата „К1“, пренесува „Блиц“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.