Македонија
ССКМ: Македонските дестилерници и винарници – откривање на душата на дестинациите

Сојузот на стопанските комори на Македонија и Здружението „Македонски дестилерии“ – Кавадарци потпишаа меморандум за соработка со цел воспоставување меѓусебна тесна координација, планирање и реализација на активности за застапување на интересите на дестилерниците, нивно позиционирање на извозните пазари и промоција. Во име на двете институции меморандумот го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски, и претседателот на Здружението „Македонски дестилерии“, Александар Клинчаров.
„Поддршката на малите и микрокомпании е важен аспект од работењето на Сојузот бидејќи малите семејни дестилерници треба да имаат посебно место на пазарот, кое ќе им дозволи да го истакнат високиот квалитет на производите што ги создаваат со врвни енолози. Со овој меморандум ја формализираме нашата заложба да им дадеме целосна и безрезервна поддршка преку нивна застапување, промоција, вмрежување и разни други форми на активности, каде што нашата Туристичко-угостителска комора со својата експертиза ќе учествува во создавање ено-гастро концептот и ќе се вклучи за дополнителен маркетинг на македонските дестилерници и да се намали јазот меѓу мали и големите производители“, изјави Ангелоски.
„Македонските семејни винарници постојат како здружение две години и во него членуваат 30 регистрирани дестилерници и со поддршка на Сојузот на стопанските комори заеднички ќе дејствуваме на сите предизвици и законски промени за наше успешно деловно работење и наша зголемена промоција и препознатливост на македонските брендови“, истакна претседателот на дестилерниците, Клинчаров. Меморандумот предвидува соработка за лобирање и застапување на интересите на македонските дестилерници пред сите домашни и меѓународни организации и институции, заеднички настап на извозните пазари, поддршка во градење препознатливост на македонските дестилерници на регионалните и меѓународните пазари, активности за промоција и развој на вински туризам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието.
Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009).
Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на Собранието.
Првпат беше избран во првиот повеќепартиски состав (1990–1998), а подоцна повторно стана пратеник преку ГРОМ (2016–2020) и СДСМ (2020–2024).
Македонија
Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, велат од СДСМ.
Според нив, последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.
„До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?
Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.
За тоа мора да има одговорност“, додаваат од оваа партија.
Македонија
Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.
За утврдените недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.
Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.
Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекле 1 парична казна и донеле 5 решенија со наредба за нивно отстранување.