Свет
Кина ги предупреди студентите: Внимавајте се од атрактивни мажи и жени, можеби се шпиони

Главната шпионска агенција на Кина ги предупреди студентите со пристап до чувствителни податоци да се чуваат од атрактивни мажи и убави жени, кои се преправаат дека имаат чувства кон нив за да ги намамат да шпионираат за странски ентитети, а со тоа да ја загрозат националната безбедност.
Кинеското Министерство за државна безбедност денеска на јавната социјална мрежа WeChat детаљно предупреди како студентите може да бидат манипулирани да откриваат важни информации на безброј начини. Министерството наведува дека е откриено оти странски разузнавачки и шпионски агенции се инфилтрирани во студентите што се обидуваат да ги придобијат.
„Тие ги користат младешката љубопитност и волјата да испробаат нови работи“, се вели во соопштението за медиумите.
„Атрактивните мажи и убави жени се преправаат дека се внимателни и сочувствителни и со лажни чувства ги водат во замка на љубовта“, посочуваат од Министерството.
Министерството додава дека студентите што имаат пристап до чувствителни, научни податоци се првенствено на удар, а шпиони им приоѓаат преправајќи се дека се академици, вработени во истражувачки институции и консултантски компании.
„Тие ги намамуваат студентите со високо платени работни места со скратено работно време наводно поради истражување на пазарот и академска размена“, предупредуваат кинеските власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.