Црна хроника
И се заканувал со остар предмет: жена од Скопје пријавила дека била истепана од сопругот, подоцна и тој пријавил насилство

Синоќа во 17.00 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена од Скопје пријавила дека на 02.09.2024 околу 22.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од својот 30-годишен сопруг од Скопје.
Тој според МВР ѝ се заканувал и со остар предмет.
Исто така, во 17.45 часот сопругот пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата сопруга.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен кавадарчанец, возел пијан и престигнал колона возила кои чекале на црвено светло на семафор

Вчера во 15:30 часот на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода 48-годишниот П.К. од Кавадарци.
При преземање мерки по сторен сообраќаен прекршок, односно откако тој со патничко возило „рено“ со кавадаречки регистарски ознаки престигнал седум возила кои биле застанати на црвено светло на семафор, утврдено е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,02 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци

Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци, а пожарникарите од Територијалната противпожарна единица се на терен и интервенираат на лице место.
Се работи за автомобил форд фокус.
Црна хроника
Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајка кај Кратово

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат кај местото викано Превалец, во атарот на селото Трновац, кратовско, едно лице го загуби животот, а две лица се тешко повредени.
Несреќата се случила околу 14:24 часот меѓу товарно возило фиат добло со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје, и патничко возило дачиа сандеро со кавадаречки регистарски таблички, управувано од С.В.(33) од Скопје.
Во судирот на самото место починал сопатникот од товарното возило, А.А.(38) од Скопје, чија смрт била констатирана од лекар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, а причините за несреќата се утврдуваат.