Спорт
(Видео) Дуплантис побрз од Ворхолм на 100 метри
Арманд Мондо Дупалнтис победи на егзибиската „Трка на светски шампиони“ во Цирих, Дуплантис се тркаше на 100 метри против светскиот шампион на 400 метри со пречки, Карстен Ворхолм.
Дуплантис победи со резултат од 10.37 секунди додека Ворхолм заостана десет стотинки.
„Морам да му честитам на Мондо, тој одлично стартуваше. Засулежмо ме победи“, призна Ворхолм во финишот.
На крајот од стадионот следеше мал огномет.
Интересно е што заедно имаат четири олимписки медали, три златни и еден сребрен и 11 светски рекорди, Дуплантис ги соборуваше девет пати, а Ворхолм двапати.
Двајцата вечерва ќе учествуваат во митингот од Дијамантската лига во своите стандардни дисциплини.
🎥 Pole Vaulter Mondo Duplantis 🇸🇪 defeats 400m hurdler Karsten Warholm 🇳🇴 over 100m, clocking 10.37s
🔥
📸 @CitiusMag @WeltklasseZH pic.twitter.com/EV6NbuiwNB
— World Athletics Hub (@wldathleticshub) September 4, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Левандовски ке ја „жртвува“ платата за да остане во Барселона
Роберт Левандовски не сака да ја напушти Барселона и верува дека сè уште има вештини да остане барем уште една сезона.
Според денешните информации од каталонските медиуми, неговиот агент Пини Захави бил во Барселона за време на викендот и во таа прилика се сретнал со Џоан Лапорта.
Не е тајна дека Захави и Лапорта се во одлични односи, па Левандовски сакал да го искористи тоа за што поскоро да го дознае својот потенцијален статус, но и да порача преку својот менаџер дека е подготвен да прифати значително намалување на платата за да остане до летото 2027 година.
Кога Полјакот пристигна во Барселона во летото 2022 година како профилиран напаѓач и еден од најдобрите во Европа, тој доби огромна плата, која дури и растеше со текот на времето, па сега е убедливо најплатен во тимот, иако е и најстар.
Левандовски е под договор до јуни 2026 година и сака да потпише за уште една сезона со значително намалување на платата, што би можело да биде клучен чекор во преговорите со Лапорта.
Да потсетиме, Барселона сè уште има проблем со финансискиот фер-плеј, и не е во можност да сонува за скапи засилувања, а Левандовски ја прифаќа улогата од клупата и да биде план Б, зад Феран Торес.
Спорт
Зидан се договорил со Фудбалската федерација на Франција
Зинедин Зидан постигнал договор да ја преземе француската репрезентација, тврди фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо.
Многу пати, познатиот фудбалер нагласувал дека негов голем сон е да ја води фудбалската репрезентација на Франција.
Сонот ќе му се оствари, бидејќи Зидан се смета за единствен наследник на Дидие Дешан на таа позиција.
Дешан веќе објави дека ќе се повлече од селекторската позиција по Светското првенство, и може да се каже дека Зидан е најблиску до селекторската функција.
Поранешниот светски и европски шампион со француската репрезентација во својата кариера го водеше само Реал Мадрид, со кого успеа да освои три последователни Лиги на шампиони, што никој друг не успеа.
Од 2021 година, кога се раздели со „кралскиот клуб“, во својот втор мандат, тој немал клуб.
Foto/ depositphotos
Спорт
Чави би можел да се пресели во Премиер лигата
Челниците на Тотенхем не се задовлни од резултатите и играта, поради што сериозно размислуваат за смена на менаџерот Томас Франк.
По 16 кола, Тотенхем е на 11-то место во Премиер лигата. Освен лошите резултати, данскиот тренер Томас Франк, кој го презеде клубот во јули, е најмногу критикуван за тоа што не воспостави препознатлив стил на игра. Исто така, раководството смета дека нема напредок во играта на Тотенхем.
Британските медиуми објавуваат дека раководството на клубот проценува дека поранешниот играч и тренер на Барселона, Чави Ернандез (45), би бил одлично решение.
Во нивна корист е фактот дека легенда на Барселона моментално е без работа. Откако ја заврши кариерата, започна нова како тренер во Ал-Сад во Катар, а од ноември 2021 до јуни 2024 година ја водеше Барселона. Тој беше шампион на Ла Лига со Барселона во 2023 година.
Во Тотенхем веруваат дека Чави, со своето играчко и тренерско искуство, би бил долгорочно решение и дека би можел да создаде работна атмосфера што би резултирала со атрактивна игра и борба за највисоките места во лигата и во европските куп натпреварувања.
Тие веруваат дека играчите кои моментално играат под очекувањата под водство на шпанскиот тренер би можеле повторно да играат во својата најдобра форма.
Foto/ depositphotos

