Свет
Идентификувани жртвите на 14-годишниот напаѓач во училиште во Џорџија
Коди Греј ќе биде обвинет за убиствата на 14-годишниот Мејсон Шермерхорн, 14-годишниот Кристијан Ангуло, Ричард Аспинвол (39) и Кристина Ирими (53). Аспинвол и Ирими предавале математика, а Аспинвол истовремено бил и помошник-фудбалски тренер. Девет други жртви, осум ученици и еден наставник, се пренесени во болниците.
Училиштата во округот Бароу ќе бидат затворени до крајот на неделата.
Белата куќа преку соопштението рече дека претседателот Џозеф Бајден е известен за пукањето и дека неговата администрација ќе остане во контакт со федералните, државните и локалните власти за повеќе информации.
Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) соопшти дека напаѓачот во смртоносното пукање во средата во училиште во Џорџија, Колт Греј, бил испрашуван од полицијата минатата година за анонимни закани на интернет по дојава на ФБИ.
Греј (14) во мај 2023 година ѝ негира на полицијата дека стои зад објавите на интернет, кои содржеле фотографии од оружје предупредувајќи за пукање во училиштата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Саркози под закана и зад решетки: затворениците сакаат „одмазда за Гадафи“
Поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој моментално отслужува затворска казна, продолжува симболично да ја претставува својата земја – дури и зад решетки. Како што објави порталот „Атлантико“, неодамнешните закани од одредени затвореници за „одмазда за Моамер Гадафи“ покажуваат колку е длабок јазот помеѓу француското општество и дел од мигрантското население.
Според анализата на француските новинари, случајот открива „отворен презир“ кон државата што примила многу од овие луѓе и им обезбедила нов живот. „Постои јасна врска помеѓу фактот дека криминалецот не ги признава законите на земјата што го посвоила и фактот дека покажува поголема лојалност кон либискиот диктатор Моамер Гадафи отколку кон поранешниот шеф на француската држава“, наведува „Атлантико“.
Авторите на текстот предупредуваат дека станува збор за поширок проблем – отфрлање на француските вредности и правила како наводна форма на потчинување, додека колонијалното минато се користи како постојан изговор за одбивање на интеграцијата и повикување на одмазда.
„Би било погрешно да се минимизира значењето на она што се случува“, истакнуваат француските коментатори, заклучувајќи дека овој случај е само еден во низата индикатори за длабока криза на идентитетот и социјалната кохезија во современа Франција.
Фото: принтскрин
Свет
Шесткатница се урна во Турција, седум лица под урнатините
Шестокатница се урна во Коџаели, недалеку од Истанбул, а според турските медиуми, седум лица се заробени под урнатините.
Полициски, противпожарни и медицински екипи се на местото на настанот и во тек е спасувачка акција.
Постојат информации дека во зградата живееле две седумчлени семејства, засега не е познато дали сите биле внатре во моментот на уривањето, изјави градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз.
Причината за уривањето сè уште не е позната, спасувачките екипи се на терен.
Фото: принтскрин
Свет
Захарова: Европа се движи кон самоуништување
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека Европа се движи кон самоуништување, кое, како што рече таа, е „поочигледно од кога било“.
„Доколку немаше потврда пред некое време, кога зборуваа за тоа дека Европа е турната кон самоуништување, вклучително и преку конфликти со нејзините азиски или евроазиски соседи, можеби некој би рекол дека тоа не е очигледно. Денес не може да биде поочигледно“, изјави Захарова за Спутник.
Според неа, падот на Европа може да се види преку големите воени буџети и милитаризацијата, осиромашувањето на западноевропските економии, губењето на културните референтни точки и поддршката за сопствената историја, како и преку „монструозната миграциска криза“, објави РИА Новости.
Фото: принтскрин

