Забава
Се плашат од непознатото: хороскопски знаци што најтешко се справуваат со промените
Промените се неизбежен дел од животот, но кај некои луѓе тие можат да предизвикаат страв и несигурност. Луѓето често се плашат од непознатото бидејќи тоа носи несигурност и губење на контролата врз ситуацијата. Овој страв може да варира од личност до личност, во зависност од нивната личност, искуства и пристап кон животот. Додека некои брзо се прилагодуваат на новите околности, на други им треба сигурност и стабилност за да се чувствуваат удобно. Во продолжение дознајте кои хороскопски знаци имаат најмногу потешкотии да се справат со непознатото.
Бик
Биковите се познати по нивната љубов кон стабилноста и рутината. Припадниците на овој знак ја сакаат безбедноста и удобноста на познатото опкружување и не сакаат да се вклучат во промени кои можат да го поткопаат нивното чувство за контрола. Кога ќе се соочат со промени, тие можат да станат тврдоглави и да се спротивстават на адаптацијата, бидејќи не сакаат да ризикуваат со нешто ново.
Рак
Раковите, кои го ценат семејството и безбедноста во домот, можат длабоко да бидат потресени од промените во нивниот емотивен живот или семејната динамика. Ним им треба време да се прилагодат на новите ситуации бидејќи често се плашат да не го изгубат она што им е најважно – емоционалната стабилност. Нивниот заштитен инстинкт ги тера да се повлечат во својот оклоп кога ќе се соочат со непознатото.
Девица
Девиците сакаат ред, организација и планирање. За нив секоја промена е потенцијален хаос што ја нарушува нивната потреба за структуриран живот. Иако се многу аналитички и способни да се прилагодат на околностите, Девиците бегаат од ненадејни или неочекувани промени. Често бараат логични објаснувања и сигурност во секој потег, па непознатото може да ги вознемири повеќе од некои други знаци.
Шкорпија
Шкорпиите се интензивни и страсни, но многу претпазливи кога се во прашање промените. Иако изгледаат храбро и бестрашно, тие бегаат од неочекувани промени бидејќи сакаат да ја контролираат секоја ситуација. Тие ја гледаат промената како потенцијална закана за нивната моќ или емоционална сигурност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Софија Вергара фотографирана во деколтиран фустан за време на прошетка
Колумбиската актерка Софија Вергара е позната како една од најубавите жени на светот, а тоа го докажуваат и најновите папарацо-фотографии, на кои актерката е фатена опуштена.
Оваа 52-годишна актерка е фотографирана на улиците на Лос Анџелес во друштво на колешката Полин Давила.
Актерките беа добро расположени по ручекот во Беверли Хилс.
Софија го привлече вниманието во едноставен фустан со леопард-принт, во кој го истакна деколтето, а се комплетира со бела чанта, патики и природна шминка.
Забава
(Видео) Хајди Клум се појави во ризичен фустан на забавата по доделувањето на наградите „Еми“
По доделувањето на наградите „Еми“, се одржа традиционалната забава, на која се собраа многубројни ѕвезди од филмската и забавната индустрија.
View this post on Instagram
Германската манекенка Хајди Клум го привлече вниманието во тесен црн фустан, без ракави, со изрези и светки.
View this post on Instagram
Фустанот ги истакна нејзиното бујно деколте и совршената фигура, а 51-годишната манекенка спремно им позира на насобраните фотографи.
View this post on Instagram
Оваа германска убавица со децении е позната како една од најуспешните манекенки, а љубовта кон манекенството ѝ ја пренесе и на ќерката Лена.
Забава
Ќерката на Синди Крафорд е нејзина слика и прилика: блесна во речиси идентичен фустан
Каја Гербер на филмскиот фестивал во Торонто се појави во фустан сличен на оној што мајка ѝ, легендарната Синди Крафорд, го носеше на „Оскарите“ во 1993 година.
Станува збор за креација на Ерве Леже во бела боја. Изгледот Каја го комплетира со едноставна шминка, накит и високи потпетици.
На овој фестивал премиерно беше прикажан филмот „Школка“, во кој таа имаше улога.
Нејзината стилистка Моли Дикинсон во интервју за „Вог“ изјави дека Каја ѝ испратила неколку идеи за тоа што би сакала да облече на фестивалот, а една од нив е и овој фустан.
„Мислев дека е одлично да го почитувам иконскиот момент на Синди на овој начин“, додаде таа.
Во далечната 1993 година Синди се прошета на црвениот тепих со својот тогашен сопруг Ричард Гир, а Каја на филмскиот фестивал во Торонто се појави без придружба.