Спорт
„Тен Хаг до Божиќ ќе добие отказ“
Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Теди Шерингам, верува дека актуелниот менаџер Ерик Тен Хаг, ќе добие отказ најдоцна до Божиќ.
Јунајтед претрпе два порази во првите три кола од новата сезона и се наоѓа на 14. место на табелата во Премиер лигата, а навивачите се особено бесни по катастрофалниот настап на тимот во дербито со Ливерпул (0:3).
Шерингам смета дека тренерот ќе биде тој што ќе го плати цехот.
„Кога ќе ја завршите сезоната како осми, тоа навистина не е добро за Манчестер јунајтед. Крај, точка. Мора да го промените она што се случува. Кога ќе се погледне нестабилноста од минатата сезона и она што следува, без никакво двоумење може да се каже дека нема никава промена. Ќе биде ли менаџер до крајот на сезоната? Не. Ќе замине пред Божиќ. На Тен Хаг не му е местото во Мначестер јунајтед“, вели Шерингам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рикиардо би можел да го напушти тимот по ГП во Сингапур
Возачот на РБ, јуниорскиот тим на Ред Бул, Даниел Рикиардо изјави дека не е сигурен дали ќе остане во тој тим до крајот на сезоната во Формула 1 по трката во Сингапур.
Договорот на Рикиардо истекува на крајот од сезоната, но има шпекулации дека по неделната трка во Сингапур, тој би можел да биде заменет со Лиам Лосон во последните шест трки од сезоната на тимот РБ.
„Знам како е и како оди и знаев дека ќе има некои датуми и датуми оваа година, без разлика дали е летниот распуст или сега по Сингапур. Мислам дека има уште многу неизвесност. Ќе видиме како ќе помине викендот Ќе дадам се од себе, за се што имам секогаш има за што да се борам, планот е да се обидам да стигнам до подиумот“, изјави Рикиардо.
35-годишниот австралиски возач се врати во Формула 1 кон средината на минатата сезона со РБ, но не успеа да се врати во добра форма и сега е 14-ти во генералниот пласман кај возачите, со 10 поени помалку од тимскиот колега Јуки Цунода.
Запрашан дали трката во Сингапур може да биде негова последна, со оглед на условите на договорот, Рикиардо рече дека не мисли така.
„Но, јас исто така не сакам да почнам овде и да бидам адвокат. Би одговорил на прашањето – не, но знаеме како функционира овој спорт. Не сакам да кажам дека останувам и „100 проценти се обложувам на тоа Она што е лудо во врска со овој спорт е дека ако сум на подиумот овој викенд, веројатно ќе бидам еден од најпопуларните“, рече тој.
Рикиардо додаде дека работите брзо се менуваат во Формула 1, дека е свесен дека ситуацијата се вжештува, но дека ќе се концентрира на своите перформанси и ќе даде се од себе.
Големата награда на Сингапур се вози во недела од 14 часот.
Спорт
Карвахал се закани со штрајк: фудбалерите никој ништо не ги прашува
Дани Карвахал, легендата на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, клучен играч за освојување на европските титули за клубот и репрезентацијата, откри дека фудбалерите планираат радикален протест поради зголемениот број на натпревари.
„Штрајкот поради премногу натпревари во текот на сезоната е опција, можност што ние играчите ја разгледуваме. Никој ништо не не прашува, воопшто не ни обрнуваат внимание и затоа мораме да го кренеме гласот“, изјави тој за популарната радио емисија „Тоемпо де Хуего“.
Играчите во врвните клубови и репрезентации се револтирани што и онака пренатрупаниот распоред на натпревари е зголемен оваа сезона. На пример, Реал на Карвахал одигра 55 натпревари минатата сезона.
Поради новиот формат на Лигата на шампионите и на клупското СП, би можеле да одиграат над 70 натпревари Ако на тоа се додаде дека репрезентацијата на Карвахал од минатото до ова лето одиграа дури 18 натпревари, јасно е зошто е шпанскиот ас е уште еден од низатта фудбалери кои јавно го искажаа своето незадоволство.
Спорт
Флик: Можеме да ја освоиме Лигата на шампионите
Барселона го започнува овогодинешното учество во Лигата на шампионите со гостувањето во Монте Карло кај Монако.
Каталонците одлично го започнаа шпанското првенство, во првите пет натпревари имаат исто толку победи.
Германскиот стручњак Ханси Флик смета дека неговиот тим може да оди до крај во елитното европско натпреварување.
„Верувам дека можеме да стигнеме до титулата во Лигата на шампионите. Тоа е секогаш цел на најголемите клубови. Лигата на шампионите е најсилното натпреварување во светот, а јас сум убеден дека Барса може да игра и да ги победи сите“, изјави Флик.