Македонија
Кино на отворено и фудбалски турнир викендов во Ѓорче Петров
Нотите на чалгиската музика вчеравечер беа во центарот на збиднувањата во Ѓорче Петров. Чалгискиот концерт кој се одржа во паркот на популарното „Корзо“, остави само позитивни емоции и посебни моменти за присутните.
„Ај засвирете ми чалгии“ и „По друм одам мајче“ беа само дел од безвременските хитови во изведба на групата „Чалгии“.
Истовремено со музичкиот настан, граѓаните имаа можност да ја погледнат изложбата на “ЗГ Порака Неготино – Неготино“ насловена “Сите сме исти”.
Изложен беше рециклиран отпад кој одлично го искористиле во добри цели со јасна порака – лицата со хендикеп може да бидат активни чинители во подигнување на јавната свет за зачувување на животната средина преку еко –
активности.
Со оро и чалгии, успешна изложба, убава храна и позитивни впечатоци,заврши уште еден културно-забавен настан по повод Денови на Општина Ѓорче Петров кои ќе траат до 20 септември и ќе завршат на истиот ден со
централна манифестација.
Викендот ќе биде резервиран за филмскиот караван „Кино на отворено“.
Вечерва, доколку дозволат временските услови, на мултифункционалното игралиште во Даме Груев ќе биде прикажан првиот македонски игран филм за деца „Стела“ од 19.30 часот.
„Во сабота од 19.30 часот, продолжуваме со уште една кино проекција на отворено на игралишето на ул.„Социјалистичка зора“ со прикажување на филмот „Ах љубов моја“. Денот на независноста на Република Македонија, односно 8 септември, ќе биде одбележан во знакот на спортските манифестации. Во недела од 19 часотќе започне турнирот во мал фудбал на мултифункционалното игралиште во Даме Груев“, најави организаторот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

