Црна хроника
30-дневен притвор за мажот што се обиде да силува жена во Кисела Вода
Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка за кривично дело полов напад и силување предвидено и казниво по член 186 ст. 1 в.в. чл. 19 од КЗ против 31-годишниот С. Г. од Скопје затоа што на 5.9.2024 околу полноќ на подрачјето на Кисела Вода се обидел да изврши обљуба врз 30-годишна жена од Скопје, извести МВР.
С. Г. е лишен од слобода, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен криумчар, пронајдени седум мигранти
Синоќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, полицијата го приведе 26-годишниот Ф.Ш. од Косово.
При извршен преглед на „голф 7“ со косовски национални ознаки – автомобилот којшто тој го управувал, биле пронајдени седум лица-мигранти, од кои три од Индија, две од Пакистан и по едно од Непал и Бангладеш, информираа од МВР.
Известен бил јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар-Табановце и Прифатниот центар за странци-Скопје.
По целосно документирање на случајот, против Ф.Ш. ќе следува пријава.
Топ
Турски државјанин најден починат во хотел во Охрид
Шеесет и тригодишен државјанин на Турција, во текот на вчерашниот ден бил најден починат во хотел во Охрид.
Од СВР Охрид информираат дека пријавата ја добиле вчераутро, а станува збор за лице со иницијали Х.К..
Доктор од итната медицинска помош, констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото, извршија полициски екипи.
Топ
Автомобил излета од патот кај Битола, возачот тешко повреден
Автомобил управуван од 68-годишен маж од Битола излета од патот Ресен-Битола.
Од МВР информираа дека несреќата се случила вчера во 17.50 часот, а возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен бил увид.