Свет
Бајден планира да прими 125.000 бегалци во САД следната година
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да ја одржи својата цел за прифаќање 125.000 бегалци следната година, според интерниот извештај до американските пратеници, до кој увид имал Ројтерс, а во кој се сугерира дека бројот на бегалци ќе продолжи да се зголемува доколку Камала Харис ја преземе Белата куќа.
Администрацијата на Бајден е на пат да донесе 100.000 луѓе преку американската програма за бегалци во фискалната 2024 година, која завршува на 30 септември, според досега необјавениот документ. Доколку програмата биде успешна, таа ќе доведе до највисоко ниво на примени бегалци во изминатите три децении.
Имиграцијата е главен проблем за гласачите пред изборите на 5 ноември, на кои Харис, демократот и кандидат на Бајден, ќе се соочи со републиканецот Доналд Трамп.
Трамп значително го намали приемот на бегалци додека беше претседател помеѓу 2017 и 2021 година и вети дека ќе ја заузда имиграцијата доколку биде реизбран.
Стејт департментот, Белата куќа, предизборните тимови на Харис и Трамп не одговорија веднаш на барањето за коментар.
Американската програма за бегалци е достапна за луѓе кои се изложени на ризик од прогон врз основа на нивната раса, религија, националност, членство во одредена социјална група или поради нивните политички ставови. Поединците мора да се наоѓаат надвор од Соединетите Држави за да аплицираат за програмата.
Бајден првично сакаше да постигне 125.000 приеми на бегалци во фискалната 2022 година, амбициозна цел што остана неостварлива.
Над 16.000 бегалци од Латинска Америка и Карибите влегоа во САД од 1 октомври 2023 година до 31 јули 2024 година.
Администрацијата на Бајден, исто така, го зголеми пристигнувањето на бегалци од Латинска Америка, како дел од стратегијата да обезбеди повеќе легални патишта во земјата во услови на рекордно ниво на раселување.
Повеќе од 16.000 бегалци од Латинска Америка и Карибите влегле во САД од 1 октомври 2023 година до 31 јули 2024 година, според податоците на Стејт департментот.
Стејт департментот и другите агенции во извештајот до пратениците рекоа дека планот за бегалци „се надоврзува на долгата, издржлива историја на американските заедници кои ги пречекуваат оние кои бегаат од прогонство“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Политико“: Сојузниците сè повеќе ја губат довербата во САД поради Трамп
Клучните сојузници на САД, меѓу кои Германија, Франција и Канада, сè почесто ја доживуваат Америка како непредвидлива и проблематична сила на светската сцена поради политиките на претседателот Доналд Трамп, покажува ново меѓународно истражување, објави Политико.
Анкетата на POLITICO–Public First покажува дека значителен дел од испитаниците во Германија и Франција, како и мнозинството во Канада, сметаат дека САД се негативна глобална сила. Во Обединетото Кралство ставовите се поделени, но повеќе од една третина имаат негативна перцепција.
Речиси мнозинство во сите четири земји верува дека САД почесто создаваат проблеми отколку што ги решаваат. Повеќето Канаѓани и речиси половина од испитаниците во Германија и Франција сметаат дека САД ги предизвикуваат своите сојузници, додека значаен дел од Британците велат дека на Америка не може да се смета во време на криза.
Свет
Полска поставува противдронски систем на границата со Белорусија
Полска постави прв противдронски одбранбен систем на новa набљудувачкa кула во близина на границата со Белорусија, како дел од зајакнатите безбедносни мерки, објави Еуроњуз.
Системот е инсталиран во местото Ожерани и ќе биде оперативен од јануари, потврди министерот за внатрешни работи, Марчин Кервински.
За време на божиќните празници, повеќе од 6.000 припадници на армијата, граничната полиција и полицијата ќе бидат распоредени на границата. Полските власти соопштија дека годинава спречиле речиси 30.000 обиди за нелегален премин.
И покрај засиленото обезбедување, хуманитарната состојба на границата останува тешка, при што активистите предупредуваат дека и натаму има жртви меѓу мигрантите. Во исто време, опозициската група БЕЛПОЛ тврди дека во близина на Минск се гради фабрика за оружје, која наводно ќе произведува артилериска и ракетна муниција за Русија.
Свет
Зеленски: Подготвени нацрти за завршување на војната со Русија
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина и САД подготвиле неколку нацрти на документи поврзани со безбедносни гаранции, обнова и рамка за завршување на војната со Русија, по неколку рунди разговори одржани за време на викендот во Мајами, објави „Кијив Пост“.
Зеленски наведе дека работата била продуктивна и дека документите се структуирани со цел да обезбедат „вистински крај на војната и да спречат трета руска инвазија“, но додаде дека и понатаму постојат разлики меѓу договореното на хартија и состојбата на бојното поле.
Разговорите уследија по дипломатски тензии предизвикани од протекување на американски мировен план од 28 точки, кој предвидувал откажување од членство во НАТО и територијални отстапки од страна на Украина. По реакцијата на Украина и европските партнери, бил подготвен алтернативен план од 20 точки, кој бил детално разгледан со американската страна.
Иако нацртот од 20 точки е речиси завршен, Зеленски призна дека некои одредби остануваат неприфатливи и за Киев и за Москва, а траен прекин на огнот сè уште е далеку.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека преговорите продолжуваат и дека „одат добро“, без да открие конкретни чекори или рокови. Украинските власти предупредуваат дека без јасни и применливи безбедносни гаранции, секој договор може брзо да пропадне.

