Македонија
Со полн камион огревно дрво е фатен вработен во Шумската полиција
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека вчера во кратовско Таласманци, од страна на Шумската полиција запрено е возило кое превезувало огревно дрво во количина од 8,70 м3, управувано од лице вработено во Шумска полиција за кое по извршена контрола е утврдено дека е со несоодветни исправи и е одземено.
Настанот, како што информираат од МЗШВ, е регистриран вчера во 15:00 часот во м.в. Дупка, с.Таласманци, кратовско.
„При извршената контрола утврдено е дека лицето Ј.М. кое што управувало со возилото е вработено во Шумска полиција Крива Паланка и воедно е со несоодветни исправи, односно на самата испратница како возач на возилото наведено е друго лице со иницијали М.Ј. Од таа причина од страна на Шумската полиција возилото е привремено одземено и е предадено во ЈПНС Кратово до соодветна понатамошна постапка. Против вработеното лице ќе се спроведе постапка, одговорност за ова ќе има“, се вели во соопштението од МЗШВ.
Од МЗШВ, порачуваат дека законот е ист за сите и дека одговорност за ова ќе има, како и дека продолжуваат максимално во стопирање на криминалот и нелегалната трговијата со дрво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јаневска: Фокусирани сме на развој на вештините кои им се потребни на младите за успешен настап на пазарот на труд
Образованието е заедничка општествена одговорност. Министерството за образование и наука не може самостојно да креира ефективни и долгорочни образовни политики доколку тие не произлегуваат од реалните потреби и предизвици што ги посочуваат општествените чинители. Во таа смисла, особено значајна е улогата на бизнис заедницата, која најдобро ги согледува динамичните барања на пазарот на трудот и потребата од практично применливи знаења и вештини.
Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска на денешната конференција на тема „Градење иднина – практични вештини за новата генерација“, што ја организираше Стопанската комора на Македонија заедно со амбасадата на Швајцарија, во рамки на проектот „Образование за вработување во Македонија“.
„МОН има воспоставено исклучително конструктивен и отворен дијалог со Стопанската комора на Македонија и со Амбасадата на Швајцарија, која континуирано низ годините наназад е наш силен поддржувач за градење современ, квалитетен и инклузивен образовен систем. Заедно сме насочени кон развивање на квалитетни практични вештини кај младите генерации, а моделот на дуално образование се покажа како најдобар механизам преку кој ја остваруваме оваа цел. Денес, околу 700 компании активно се вклучени во обезбедувањето практична настава за учениците и ќе посочам дека всушност – стручното образование е силната страна на нашиот образовен систем“, рече Јаневска.
Министерката информираше дека над 70% од учениците од последните две генерации кои се запишуваат во средно образование, одбираат да учат во средни стручни училишта и во седумте регионални центри за стручно образование и обука, каде добро се подготвуваат за брз и успешен настап на пазарот на труд, но и стекнуваат квалитетна основа за понатамошна академска надградба.
„Немам дилема дека ќе успееме образовниот систем целосно да го синхронизираме со потребите на младите, на економијата и на целото општество. Но, свесни сме дека тоа бара време. И затоа, барам поддршката од бизнис заедницата и нашите меѓународни партнери да продолжи. Да ја одржиме соработката и понатаму да нудиме заеднички одржливи политики и решенија во образованието“, додаде Јаневска.
На конференцијата се обратија и заменик амбасадорката на Швајцарија, Михал Харари и извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев, по што следуваа повеќе панел дискусии поврзани со подготовката на младите за вклучување во бизнис секторот.
Македонија
Временска најава: Дожд и ветер цела недела, викендов невреме
Денес ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), особено во текот на ноќта. Локално ќе има услови за невреме со силен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, информира УХМР.
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре во попладневните часови и во четврток врнежите ќе бидат со послаб интензитет.
Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат.
Во Скопје, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Извор: УХМР
Македонија
Андоновска: Ако СДС продолжи да ги штити истите луѓе кои ја урнаа партијата, ќе исчезне од политичката сцена
Ако СДС продолжи да ги штити истите луѓе кои ја урнаа партијата, ќе исчезне од политичката сцена побрзо одошто некој таму сака да признае, изјави Викторија Андоновска од ВМО-ДПМНЕ.
„СДС и натаму по изборниот пораз без решение, без ниту една промена во раководството. Партијата тоне, а Венко Филипче се држи за функцијата како да е приватна сопственост. Во СДС веќе отворено врие. Членови, активисти и поранешни функционери јавно бараат реформи и јасно укажуваат дека Филипче го губи секој легитимитет. Наместо да ја прифати одговорноста за најлошиот резултат во историјата на партијата, тој повторно бега од реалноста и вината ја гледа на друго место. Филипче нема намера да поднесе оставка, а камоли да покаже доблест. Наместо тоа, продолжува со истите партиски комбинации, истите луѓе, истите матрици. Поставувањето на Трајановски е уште еден обид да се зачува влијанието на Заев, односно она влијание кое ја доведе СДС до колапс. Граѓаните гледаат дека вакво раководство нема визија, нема сила и нема доблест за промени. СДС со ваков врв оди во уште поголема пропаст. Ако СДС продолжи да ги штити истите луѓе кои ја урнаа партијата, ќе исчезне од политичката сцена побрзо одошто некој таму сака да признае“, рече таа.

