Македонија
Нема активни пожари во државата: дождот помогна во нивното гаснење

Во текот на вчерашниот ден, имаше вкупно 22 пожари на отворен простор. Дождот помогна сите 22 пожари да бидат изгаснати, соопшти ЦУК.
Активни пожари нема, додаваат од ЦУК а изгаснати се сите 22:
1. Општина Прилеп 1: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);
2. Општина Прилеп 2: м.в.Дервен (шума);
3. Општина Прилеп 3: с.Дрен – с.Смолани (букова шума);
4. Општина Прилеп 4: с.Вепрчани (сува трева и шума);
5. Општина Прилеп 5: с.Волково, с.Прилепец (сува трева и ниска шума);
6. Општина Прилеп 6: с.Дуње (сува трева и ниска шума);
7. Општина Прилеп 7: Во близина на Дата центар (сува трева)
8. Општина Долнени: с.Десово (сува трева и ретка деградирана шума).
9. Општина Чашка: с.Степанци ( мешана шума)
10. Општина Берово: место викано Паруца (ниска деградирана шума и сува трева)
11. Општина Теарце: с. Доброште (ниска вегетација)
12. Општина Желино 1: Касарна Еребино (сува трева)
13. Општина Желино 2: с.Групчин (сува трева)
14. Општина Липково 1: с.Матејче (сува трева и ниска шума)
15. Општина Липково 2: с.Никуштак (сува трева и ниска шума)
16. Општина Старо Нагоричане: с.Младо Нагоричане (сува трева)
17. Општина Зелениково: с.Горни Дејковец, с.Долни Дејковец (букова шума)
18. Општина Гази Баба: с.Идризово (ѓубре)
19. Општина Чучер-Сандево: Кај рудник Бањани (сува трева)
20. Општина Арачиново: с.Арачиново (ѓубре и сува трева)
21. Општина Кичево: с.Србјани (стрниште)
22. Општина Росоман: Во близина на архелошки локалитет Стоби (сува трева и ниска вегетација)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.