Спорт
(Видео) Кипраните истакнаа транспарент „Косово е Србија“, полицијата го отстрани
Натпреварот во Лигата на нации меѓу Кипар и Косово (0:4) беше неколу минути беше прекинат поради транспарент на трибинити.
Стручниот штаб на гостите побара од организаторот да го отстрани транспарентот на кој пишуваше: „Косово е Србија“. Полиццијата интервенираше го собра транспарентот и натпреварот продолжи. Интересно вториот транспарент на кој пишуваше: „Кипар е грчки“, остана да виси на трибините.
🇽🇰🇨🇾 The Nations League match between Kosovo and Cyprus was temporarily suspended after Cypriot fans displayed a "Kosovo is Serbia" banner.
The game resumed after police removed the banner, with Kosovo currently leading non-recognizer Cyprus 2-0. pic.twitter.com/0JYpCVrDwP
— kos_data (@kos_data) September 9, 2024
Güney Kıbrıs – Kosova maçında "Kosova, Sırp'tır" ve "Kıbrıs, Yunan'dır" pankartları açıldı.
Kosova'da Vedat Muriqi başta olmak üzere oyuncular bu pankartları görünce, pankartlar sökülene kadar maçı bırakıp kenara çekildi.
Soldaki pankarttan indirilirken, sağdaki indirilmedi. pic.twitter.com/q7l3FdOaoo
— Ajansspor (@ajansspor) September 9, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дебакл на Јокиќ и Нагетс среде Денвер
Кошаркарите на Денвер загубија на домашен терен од Њујорк со 118:145 и го забележаа четвртиот пораз во последните шест натпревари во НБА лигата.
Не само што беа поразени Нагетсиеа и понижени на домашен терен, а во преостанатиот дел од сезоната ќе мора сериозно да работат на ангажман на двата краја од теренот.
Ниту Nikola Јокиќ не се прослави, бидејќи одигра „само“ 31 минута на теренот, постигнувајќи 22 поени, со седум скока и асистенции.
Тој излезе од игра откако доби удар по телото, иако веќе беше јасно дека Денвер нема апсолутно никакви шанси против разиграните Никси на овој натпревар.
Најефикасни во тимот на Денвер беа Расел Вестбрук со 27 поени, додека Џамал Мареј мечот го заврши со 20 поени, со седум асистенции.
Во тимот на Њујорк најефикасни беа Оги Ануноби со 40 поени, Карл-Ентони Таунс со 30 поени и 15 скока и Џејлен Бренсон со 23 поени и 17 асистенции.
Денвер има девет победи и седум порази, додека Њујорк е 10-7.
Резултати:
Шарлот – Орландо 84:95
Детроит – Торонто 102:100
Индијана – Њу Орлеанс 114:110
Атланта – Далас 119:129
Бостон – ЛА Клиперс 126:94
Мемфис – Портланд 123:98
Денвер – Њујорк 118:145
Голден стејт – Бруклин 120:128
Сакраменто – Оклахома 109:130
Спорт
(Видео) Хаос во Црна Гора: Навивачите ги нарекоа противниците усташи и фрлаа по нив со шишиња
Хаотичен ракометен натпревар се одигра во црногорското првенство помеѓу Ловќен и Беране во Беране. Гостите Ловќен од Цетиње победија со 26:22, но натпреварот едвај се одигра до крајот поради бројните инциденти на трибините.
Домашните навивачи испратија силни просрпски пораки. Го величеа Дража Михајловиќ, четнички војвода и воен злосторник, извикуваа „Косово е Србија“. Играчите на Ловќен се нарекуваа усташи, а врз нив биле фрлани и стаклени шишиња.
На видеото кое го објави CG Sport се гледа и се слуша скандирање, а локалните навивачи сакаа да влетаат на теренот. Натпреварот три пати беше прекинат.
Ловќен е актуелен шампион на Црна Гора во ракомет.
Спорт
Миовски во тимот на колото во Примера
Бојан Миовски и Брајан Хил, во саботата го униптија Еспањол во малото каталонско дерби. Џирона го победи Еспањол со 4:1. Головите тимот од „Монтоливи“ ги постигна во интервал од четвртата до 27.минута.
Серијата против Еспањол ја отвори Хил по додавањето кое го доби од Миовски. Потоа Хил два пати му асистираше на Миовски во 16. и 22.минута. Македонецот ги постигна првите голови за Џирона во Примера, откако летово за осум милиони евра пристигна од Абердин.
Точка на натпреварот стави Чехот Крејчи. И за него ова беше деби гол во дресот на Џирона.
Миовски за својот прформанс против Еспањол доби оценка 8,91. Подобро оценет од него беше само Брајан Хил (9,10).
Во идеалниот тим на 14.коло, покрај Миовски и Крејчи се најдоа уште двајца играчи на Џирона: Ва де Бек и Крејчи.
🇪🇸 La Liga Team of the Week pic.twitter.com/JCadKaiQkV
— WhoScored.com (@WhoScored) November 25, 2024