Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Молк од Филипче и по неколку дена од објавувањето на информациите дека криел имот, надлежните веднаш да реагираат
Претседателот на СДС, Венко Филипче по објавување на информациите дека како министер за здравство во анкетниот лист сокрил станови се уште молчи. Филипче молчи 48 часа по објавување на фактите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче пет стана не пријавил како министер, а сега како пратеник ги пријавува, иако ги имал кога станал и министер.
Филпче, односно неговите анкетни листа од 2018 година и 2024 година, кажуваат едноставна работа. Имотот кој го поседува сега е стекнат пред 2018, но тоа не го пријавил кога станал министер.
Дополнително, имотот кој го пријавил во 2018 година не го пријавил сега, а нема ниту информации за приходи од продажба.
Поточно, недвижниот имот на Филипче пријавен во 2018, а сега го нема е над 600.000 евра. Недвижниот имот пријавен во 2024 година, а стекнат пред 2018 година тежи над 700.000 евра. Ако се собере целиот имот на Филипче чини околу 1.3 милиони евра.
Ова отвора многу дилеми и прашања“, додаваат од партијата на власт.
Прашуваат, зошто Филипче не пријавувал имот кој го поседувал како министер, зошто истиот го пријавува како пратеник, што се крие Филипче.
Според нив, надежните институции не смеат да молчат.
„Филипче беше министер, сега е претседател на СДС. Антикорупциската комисија и јавното обвинителство треба час поскоро да реагираат и да ги испитаат информациите“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
од 08:30 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Финска, поточно подулиците со бр. 15 и бр. 20 во нас. Инџиково. (Општината Гази Баба)
од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Нерешка во нас. Жданец. (Општината Карпош)
Македонија
Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, попладне со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието.
Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи. Минималната температураќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
И во петок ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Во деновите од викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за слаб локален дожд во планинските региони. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.
Македонија
Лога по одлуката за „Балансерот“: Северна Македонија се лизга по пат кој е докажано фатален за неа
Според поранешниот министер за прaвда и потпретседател на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, сите иницијативи што се однесуваат на прашањата за праведно и соодветно застапување, употребата на албанскиот јазик и другите етнички прашања во корист на немакедонските заедници ќе имаат иста судбина како прашањето за изводите од матична книга на родени, односно поништувањето на уредбата на министерот за правда и укинување на соодветните членови од законот.
Треба да се истакне, напоменува Лога, дека гласањето пред една година беше чисто етничко и мајоризирачко; такво беше и денес (6 македонски гласови наспроти 3 албански и турски).
„Своеремено, македонската политичка елита го користеше Собранието на Македонија за да ги мајоризира Албанците. Сега, откако тоа им е оневозможено во Собранието, тие ја префрлија оваа практика во Уставниот суд.
Додека во Уставниот суд не постои двојно гласање за законите со Бадентер, односно механизам за заштита на другите етнички заедници, ароганцијата на македонската политичка елита ќе се појави повторно, исто како во 1991 или 1997 година.
За жал, Северна Македонија се лизга по пат кој е докажано фатален за неа. Денес, нашата држава ги дели патиштата: или ќе оди кон Европа, или кон „Српски свет“; или ќе остане Северна Македонија и европска, или македонската олигархијата ќе направи дел од неа да стане „Јужна Бановина“, вели Лога.