Спорт
Македонија вечерва против Ерменија – победата е императив
Фото/ ffm.mk
Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва во Скопје, ќе го одигра натпреварот од третото коло во Лигата на нации. Македонија ќе ја пречека Ерменија и ќе се обиде да стави крај на лошата серија. Благоја Милевски и неговите избраници не победиле никого во последните 11 месеци.
Последен пат Македонија победила ппред 11 месеци, интересно тогаш противник во пријателски меч во Струмица беше репрезентацијата на Ерменија.
Македонија во новиот циклус во Лигата на нации не започна според планот, одигра 1:1, во Торшван против Фарски Острови, додека Ерменија со убедливи 4:1 ја порази Латвија.
Вечерва, Македонија мора да победи доколку сака да остане во игра за осовојување на првото место во Групата 4, во Ц дивизијата во Лигата на нации.
Традицијата е на страната на Македонија, во минатото со Ерменија фудбалерите одиграле 13 натпревари, Македонија победиле шест, Ерменија четири пати, три пати во меѓусебните дуели резултатото бил нерешен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Баерн среде Бремен го декласира Вердер
Фудбалерите на Баерн Минхен откако во вторникот го демилираа Динамо Загреб со 9:2 во Лигата на шампионите, забележаа убедлива победа и во Бундес лигата. Во рамките на четвртото коло, во Бремен, Баерн го победи Вердер со 5:0.
На „Везер“ стадионот во Бремен, блескаше Мајкл Олисе, засилувањето на Баерн од Кристал Палас. Францускиот репрезентативец, во победата учествуваше со два гола и асистенција. Погоди во 23. и 60.минута.
По гол за Баерн постигнаа Мусијала, Кејн и Гнабри.
🚨🇩🇪 GOAL | Werder Bremen 0-5 Bayern Munich | Serge Gnabry
SERGE GNABRY MAKES IT FIVE !!!!!!!pic.twitter.com/LA5eLhKFCc
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) September 21, 2024
Резултати:
Бохум – Кил 2:2 (2:1)
Беро 22, Данер 35 – Пихлер 15, Макино 89
Хајденхајм – Фрајбург 0:3 (0:0)
Доан 54, Грифо 59, 65
Унион Берлин – Хофенхајм 2:1 (2:0)
Рота 4, Џеонг 6 – Битлер 67
Вердер Бремен – Баерн Минхен 0:5 (0:2)
Олисе 23,60, Мусиала 32, Кејн 57, Гнабри 65
18.30 Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Мехенгладбах
Спорт
Норис супериорно до пол-позицијата во Сингапур, Саинц заврши во ѕидот, на Леклер му го избришаа кругот
Ландо Норис ја освои шестата пол-поизицја во кариерата петта оваа сезона. Возачот на Мекларен од првото место ќе ја започне трката за Големата награда на Сингапур. Квалификациите ги обележа катастрофата на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц ќе стартуваат од деветтото и десеттото место.
Норис ја потврди дека Мекларен во моментов го има најдобриот болид. Го искористи фактот што во третата сесија сите имаа псамо по еден обид да постават најбрз круг.
Со време Норис 1:29:525 минути дојде до пол-позицијата. Две десетински зад него беше лидеот во вкупниот пласман, актуелниот шампион Макс Ферстапен.
Вториот ред им припадна на возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.
Петти на стратот ќе биде победникот од Баку, Оскар Пјастри, кој во текот на целиот викенд не можеше да го прати темпото на тимскиот колега Норис.
Следуваат Нико Хулкенберг (Хас), Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Јуки Цунода (РБ) и двоецот на Ферари Леклер и Саинц.
Карлос Саинц, заврши во ѕидот во подготвителниот круг на самиот почеток на последната сесија.
За разлика од Шпанецот, единственото време кое Леклер го постави во последната сесија беше избришано бидејќи излета од патеката во 19 свиок.
Спорт
(Видео) Челси го прегази Вест Хем
Фудбалерите на Челзи победија на гости кај Вест Хем со 3:0 во 5. коло од Премиер лигата.
Натпреварот на „Олимпискиот стадион“ во Лондон беше игра на мачка и глушец. Фудбалерите на Челси решително влегоа во натпреварот и буквално го прегазија ривалот.
Двоен стрелец за „сините“ денеска во бела опрема беше Николас Џексон. Тој ги постигна првите два гола во четвртата и 18.минута.
Во 47. минута запиша и асистенција за Кол Палмер, кој стави точка на резултатот и на прашањето на победникот.