Соопштенија
Заштита или естетика – што е на прво место при изборот на фасада?
Првиот впечаток на секоја куќа, дури и за обични минувачи, е фасадата. Таа е лицето на секоја куќа. Но, покрај убавината, фасадата игра клучна функционална улога при заштита на објектот од секакви надворешни влијанија. Доколку дојдовте до ставката поставување фасада на вашата новоградба или планирате реставрација на постојната фасада, во продолжение какви фасадни системи и какви материјали постојат на пазарот, кој се нивните карактеристики, за да можете да го направите вистинскиот избор.
Фасадата е надворешниот елемент на куќата што во голема мера влијае на нејзиниот целокупен изглед. Го заштитува градежниот објект од неповолни временски влијанија како температурни промени, силен ветер, снег, дожд, град. Покрај тоа, нејзината улога е термички да го заштити објектот и да обезбеди соодветна звучна изолација.
Најпопуларен тип на фасада е контактна или демит фасада
Контактната фасада или демит фасадата е најпопуларниот избор кај нас. Демит или контактна фасада, се состои од неколку елементи, од кои еден е термо изолациски панел.
Кај овој вид на фасада изолацијата, која во главно е стиропор, се лепи директно на надворешниот ѕид. Така поставените плочи од стиропор потоа се фиксираат со специјални клинови. Следува заштитната мрежа за армирање и зајакнување на површината на фасадата. Вака обложените надворешни ѕидови се глетуваат за завршен слој, а потоа следи естетскиот дел – бојадисување на фасадата со избраната боја.
Наместо стиропор може да се користи и камена волна, која, благодарение на карактеристиките, е подобро решение. Таа, пред сè, паропропустлива и им овозможува на ѕидовите да „дишат“, обезбедува поефикасна звучна изолација бидејќи густата структура на камената волна ефикасно ја апсорбира бучавата, погодна е за тешко достапни места, т.е. места на кои стиропорот не е соодветен. Тука е и еколошкиот фактор: бидејќи се добива од природен камен, камената волна е природен материјал, додека стиропорот се добива од преработка на нафта.
Фасади со изолација изработени од стиропор се поевтина опција и овозможуваат побрза работа. Доколку како термо изолационен материјал се користи минерална волна, цената на фасадниот систем се зголемува за околу 40%.
Контактните фасади ја подобруваат енергетската ефикасност на зградата, со што се заштедуваат трошоците за греење и климатизација. Траат повеќе од 30 години и овозможуваат брзо враќање на инвестицијата.
По не популарни, но исклучително енергетски ефикасни решенија се вентилациони фасади. Тие постигнуваат заштеда на енергија потребна за греење и ладење за околу 30%.
Клучот е во постоењето вентилација или воздушен слој со дебелина од 2 до 5 цм. Овој слој се наоѓа помеѓу ѕидот на зградата и надворешната фасадна обвивка. Обезбедува непречен проток на воздух, што овозможува ефикасно отстранување на влагата. На овој начин се спречува развојот на мувла и плесна Во текот на летото воздушниот слој ја задржува топлината, па не навлегува во внатрешноста, што ја намалува потребата за климатизација. Во зима, тоа придонесува за топлинска изолација на зградата. Вентилираната фасада има одлична звучна изолација и долг работен век кој надминува 50 години.
За разлика од демит фасадата, кај вентилираната фасада, изолациониот слој не се поставува директно на надворешните ѕидови, туку на скелетот, т.е. на потпорната под конструкција, која механички се прицврстува. Потоа се поставува топлинска изолација помеѓу скелетот, односно хоризонталните и вертикалните профили, за да нема празнини помеѓу нив.
Потоа следи вградување на паропропустлива-водопропустлива фолија, која го спречува навлегувањето на влага во изолациониот слој, а истовремено обезбедува непречен проток на водената пареа од внатрешноста кон воздушниот слој. Потоа, следува воздушен слој со вентилациони отвори кои служат за влез и излез на воздух, најчесто поставени на врвот и на дното на фасадата. Надворешната фасадна обвивка доаѓа на крајот и може да биде изработена од разни материјали – камен, метал, стакло, дрво…
Вентилираната фасада има и значителни недостатоци во однос на демит фасадата – таа е двојно поскапа и зафаќа повеќе простор, односно подебела е.
За кој тип на фасада и да се одлучите, најважно е вашиот мајстор за фасада правилно да ја изведе. Само доколку професионално се постават сите фасадни слоеви, ќе се спречи појавата на топлински мостови и ќе се обезбеди долг животен век на фасадата.
Материјали за фасади
Спомнавме кои изолациони материјали може да се користат при изведба на фасади. Сепак, важно е да се споменат и некои други материјали како стакло, дрво…
Стаклени фасади се најчест избор за модерни згради, особено деловни простории. Тоа е само носечка, целосно застаклена фасадна конструкција. Кај стаклена фасада, хоризонталните и вертикалните алуминиумски профили кои ги раздвојуваат стаклените панели можат да бидат видливи (континуирана стаклена фасада), или невидливи однадвор (структурна стаклена фасада). Алуминиумските профили можат да бидат видливи само со минимална ширина по рабовите на елементите, а тогаш зборуваме за полу структурна стаклена фасада. Стаклените фасади може да бидат вентилирани, односно да имаат воздушен простор помеѓу два слоја стакло. Станува збор за дупли стаклени фасади.
Метални фасади се направени од сендвич панели со термичко полнење. Нивните облоги обично се направени од челични или алуминиумски плочи.
Дрвени фасади се традиционален избор и најчесто може да се видат во планинските предели. Кај нив се употребуваат профилирани даски или дрвени плочи. Тие се еден вид вентилирани фасади. Дрвените фасади имаат повисока цена од металните фасади.
Совети за избор на боја на фасада
Се препорачува при изборот на бојата за фасадата да не се водите исклучиво од актуелните трендови, туку да се земе предвид бојата на покривот, бојата на надворешната столарија и оградата на дворот. Имајте ги на ум околните куќи, за вашата да не „штрчи“ премногу, но и количината на светлина на која е изложена вашата куќа.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

