Македонија
„Балансерот останува во сила, потона уште едно ветување на Мицкоски“, вели Кузеска

„Министерот за јавна администрација кој доаѓа од партијата ЗНАМ призна дека балансерот останува на сила. Иако пред само две недели сосема друго зборуваше. Со ова принзнание потона уште едно ветување на Христијан Мицкоски“, одговори портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на новинарско прашање.
„Наместо укинување на балансерот како што ветуваше ДПМНЕ сега имаме надграден и проширен балансер за чија примена ќе биде надлежно Собранието а ќе го раководи ДУИ.
За многу кратко време време власта на ДПМНЕ си ги погази сите дадени ветувања пред граѓаните. А ЗНАМ се покажа дека не е никаков фактор во Владата, неми посматрачи и извршители на желбите на Мицкоски“, додаде Кузеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јанчев прогласи победа во Кавадарци

По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати, објави досегашниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев на социјалните мрежи.
„Соодноста е неверојатна – 7:1 за работа, чесност и резултати!
Оваа победа не е само моја, ова е победа на народот, на сите кои веруваат во подобро утре, во фер и посветена работа, во силна Македонија“, порача Јанчев.
Им се заблагодари на граѓаните за поддршката.
„Голема чест е повторно да го имам вашиот глас и вашата вера во мене и во тимот.
Голема благодарност и честитки до советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, до сите кои застанаа зад оваа победа, со работа, со идеја, со срце и душа!
Продолжуваме уште посилно, со истата љубов и со уште поголема одговорност.
Кавадарци да биде пример за развој, чесност и успех“, вели Јанчев.
Македонија
Димитриевски објави убедливо водство во Куманово, советничката листа на ЗНАМ во овој град со извојувана победа

Избори според скандинавски модел, ваква е оценката на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за денешниот изборен ден.
Овој пат како што рече ниту во Куманово, ниту во Македонија не се забележува како кандидатите за градоначалници ги бркаат полициски тимови или дополнително се врши притисок на сите нив.
„Според 80% обработени податоци во нашиот аналитички центар, јас како кандидат водам убедливо во однос на сите останати шест кандидати, или за споредба, колку имаат вкупно гласови останатите шест кандидати толку јас како кандидат на ЗНАМ со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ имам добиено гласови. Дали ќе имаме втор круг или не, во овој момент не можам да ви кажам бидејќи сите податоци не се обработени. Но и да има втор круг, ЗНАМ ќе биде дефинитивно победник на претстојните избори на локално ниво, бидејќи повеќе од јасна е желбата на граѓаните и дека препознаваат континуитет и развој на овој град и сакаат Куманово да продолжи да се развива во тој дух“, рече Димитриевски.
Листата на кандидати за советници на ЗНАМ во општина Куманово, според него, извојува победа и доби најголем број на гласови.
„Веднаш зад нас е и листата на ВМРО-ДПМНЕ и повеќе од јасно е дека мнозинството во Советот ќе го сочинуваат овие две листи и веројатно останатите поранешни партнери во локалната власт“.
.
Македонија
СДСМ победи во три општини во првиот круг, Филипче рече дека резултатот не е каков што посакувале сите, но не е лош

Првиот човек на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека партијата на локалните избори победила во три општини во првиот круг – Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци.
Изборниот ден го оцени како мирен, со одредени забелешки кои ќе бидат поднеени со ОБСЕ и ДИК. Тој им ја честиташе победата на сите градоначалници кои победија во првиот круг.
Објави дека СДСМ води во уште неколку општини – Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново, Валандово, Крушево, Лозово, Росоман.
Дополнително, се осврна и на општините во кои се на второто место – Неготино, Македонска Каменица, Ранковце, Дојран, Демир Капија, Зрновци, а очекуваат податоци од уште неколку места.
Тој апелира граѓаните да излезат масовно на гласање во вториот круг.
Овој резултат не е тој што го посакувавме сите, рече Филипче, меѓутоа не е лош резултат со оглед на тоа што во некои од општините имаме зголемување на бројот на гласови.