Спорт
(Видео) Холандија и Германија ремизираа, Кејн со два гола го просалви јубилејот, Кочорашвили и пресуди на Албанија
Последниот ден од второто коло во Лигата А на Лигата на нации донесе две нерешени средби во групата 3, во која се Германија, Холандија, Унгарија и Босна и Херцеговина.
Во класикот на европскиот фудбал, во Амстердам, Холандија и Германија одиграа 2:2.
Веќе во втората минута домашните го отворија резултатот, откако пукна германската одбрана на средината од теренот, стрелец беше Тијани Рајндерс.
Германците сепак на полувреме заминаа со предност.
Најпрвин Ундав израмни во 38. минута, а потоа Кимих им донесе предност на гостите во третата минута од судиското надополнување на првото полувреме.
Конечниот резултат во 51. го постави Дамфрис, кој остана сам како дух, па имаше лесна задача да ја испрати топката во небранетата мрежа.
Во третото коло од групата 3, Германија на 11 октомври гостува во Босна и Херцеговина, а истиот ден Унгарија ја пречекува Холандија.
Босна и Херцеговина успеа да се одбрани од Унгарија и да освои бод во Будимпешта. Натпреварт заврши без голови.
Унгарија беше подобриот противник, но не успеа да создаде доволно чисти шанси и да ја искористи доминацијата на теренот.
Најголем дел од конкретните напади на домаќинот беа во првото полуврем. Трагичар е Барнабас Варга, кој неколку пати можеше да му донесе победа на својот тим, но на крајот Никола Васиљ ја сочува својата мрежа.
Четири натпревари се одиграа и во Б дивизијата, во Групата 1.
Чешка ја победи Украина со 3:1 и ги освои првите бодпви, додека Украина остана без освоен бод. Два гола за Чепка постигна Павел Шулц во 21. и 45+2.минута, третиот е дело на капитенот Томас Соучек од пенал во 79.минута. Голот за Украина во 37.минута го постигна Ванат.
Грузија е лидер во групата со шест бода. Грузијците, во Тирана ја победија АЛбанија со 1:0.
Евро-гол во 71.минута постигна Георги Кочорашвили.
Во Групата 2, Англија ја победи Финска со 2:0. Хари Кејн на најдобра начин го обележа 100 меч во репрезентативниот дрес. Ги постигна двата гола во 57. и 76.минута.
Идентична победа запиша и Грција во Даблин, над Република Ирска.
По две кола Англија и Грција имаат по шест бода, а Фнска и Ирска се без освоен бод.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Европа е воодушевена од голот на Луис Дијаз
Фудбалерот на Баерн, Луис Дијаз, постигна еден од најубавите и најтешките голови од почетокот на сезоната.
Поранешниот играч на Ливерпул е одличен во дресот на германскиот гигант, ја потврди својата добра форма со веројатно најефектниот гол оваа сезона, од вкупно шест што ги постигна во Бундеслигата.
Сè што направи во 38-та минута против Унион Берлин беше чисто совршенство на движење, вештина и талент.
Инаку мечот во Берлин заврши 2:2, со што Баерн ја прекина серијата од 16 победи во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.
𝗦𝗧𝗢𝗣 𝗪𝗛𝗔𝗧 𝗬𝗢𝗨'𝗥𝗘 𝗗𝗢𝗜𝗡𝗚 𝗥𝗜𝗚𝗛𝗧 𝗡𝗢𝗪 𝗔𝗡𝗗 𝗪𝗔𝗧𝗖𝗛 𝗧𝗛𝗜𝗦. 👀
Luis Diaz's goal today was simply incredible. 🇨🇴 🤩 ❤️🤍 pic.twitter.com/m0e7GrxER1
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 8, 2025
Спорт
(Видео) Ништо ново во Денвер, трипл-дабл на Јокиќ и победа на Нагетс
Денвер Нагетс убедливо ги победија Индијана Пејсерс со 117:100 во ноќта помеѓу саботата и неделата.
Трократниот најкорисен играч Никола Јокиќ, одигра уште еден „брутален“ натпревар и оствари трипл-дабл со 32 поени, 14 скока и 14 асистенции.
Јокиќ имаше дури 8 изгубени топки, но шутираше неверојатни 10/14 од поле и реализираше 11 од 12-те слободни фрлања.
Во деветтиот меч од почетокот на сезоната, Јокиќ го забележа шестиот трипл-дабл. Денвер играа без Џамал Мареј и Ерон Гордон.
Резултати:
Вашингтон Визардс – Далас Маверикс 105:111
Филаделфија – Торонто Репторс 130:120
Атланта Хокс – Лос Анџелес Лејкерс 122:102
Кливленд Кавалирс – Чикаго Булс 128:122
Мајами Хит – Портланд Блејзерс 136:131
Сан Антонио Спарс – Њу Орлеанс Пеликанс 126:119
Денвер Нагетс – Индијана Пејсерс 117:100
Лос Анџелес Клиперс – Феникс Санс 103:114
Спорт
Тренерот на Лејкерси збесна по поразот од Атланта
Џеј Џеј Редик, тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, беше многу лут на својот тим по поразот 122:102 од Атланта Хокс во Џорџија.
Лејкерс го одиграа својот најлош натпревар во сезоната во саботата навечер, а тренерот Џеј Џеј Редик беше исклучително бесен на својата прес-конференција по натпреварот.
„Ништо не беше добро. Хокс играа добро, ние сме разочарани, ќе ги анализираме причините“, рече Редик.
Кога новинар го праша кога сфатил дека играчите „нема да се вклучат“, тој рече:
„Го сфатив тоа во првите две минути. Не видов ништо“, рече Редик додека ја напушташе прес-конференцијата.
Лука Дончиќ беше најефикасен со 22 поени, 5 скока и 11 асистенции, а имаше и 5 изгубени топки и само 7/17 од поле…
Долтон Кнехт му беше друштво со 14 поени, Џејк Ларавија имаше 13, а Џаред Вандербилт одигра фантастично, со 12 поени и 18 скока.
JJ Redick is PISSED 😳
(via @ohnohedidnt24) pic.twitter.com/TgRzErbkyZ
— Lakers Lead (@LakersLead) November 9, 2025

