Европа
Бајден не ја исклучува можноста за укинување на забраната Украина да таргетира цели во Русија
Американскиот претседател Џо Бајден изјави вчера дека неговата администрација се занимава со прашањето за можното укинување на ограничувањата за Украина да таргетира цели во Русија со американско оружје со долг дострел.
САД долго време се двоумат да обезбедат и да одобрат употреба на оружје што би можело да напаѓа цели длабоко на руска територија, поради страв од можна ескалација на конфликтот.
Другите сојузници на Киев испорачуваат оружје, но со ограничувања за тоа како и кога може да се користи во Русија, поради загриженоста дека таквите напади би можеле да предизвикаат одмазда што ќе ги вовлече земјите на НАТО во војна или ќе предизвика глобален нуклеарен конфликт.
Извори на Ројтерс тврдат дека САД се блиску до договор за предавање на ваквото оружје на Украина, но дека постапката сигурно ќе трае неколку месеци и нема да се случи пред крајот на претседателските избори во САД во ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Голем скандал ја потресе Англија: пет жени го обвинија покојниот татко на љубовникот на принцезата Дијана дека ги силувал
Пет жени изјавија дека биле силувани од поранешниот шеф на „Хародс“, Мохамед ал-Фајед додека работеле во луксузната стоковна куќа во Лондон.
Би-би-си го слушна сведочењето на повеќе од 20 поранешни работници кои велат дека милијардерот, кој почина минатата година на 94-годишна возраст, сексуално ги нападнал – вклучително и ги силувал.
Во документарецот и подкастот „Al-Fayed: Predator at Harrods“, тие собраа докази дека, за време на сопственоста на Фајед, Хародс не само што не успеал да интервенира, туку помогнал да се прикријат наводите за злоупотреба.
Сегашните сопственици на Хародс рекоа дека се „апсолутно згрозени“ од обвинувањата и дека неговите жртви биле предадени – за што продавницата упати искрено извинување.
Инцидентите се случиле во Лондон, Париз, Сен Тропе и Абу Даби.
„Јасно кажав дека не сакам тоа да се случи. Не дадов согласност. Сакав само да заврши“, рече една од жените, која вели дека Фајед ја силувал во неговиот стан во Парк Лејн.
Друга жена вели дека била тинејџерка кога тој ја силувал на адресата на Мејфер.
„Мохамед ал Фајед беше чудовиште, сексуален предатор без никаков морален компас“, рече таа, додавајќи дека целиот персонал во Хародс бил негова „играчка“.
„Сите бевме толку исплашени. Тој активно влеваше страв. Кога ќе рече „скок“, вработените прашуваа „колку високо“, додаде таа.
Фајед се соочи со обвинувања за сексуален напад додека беше жив, но овие наводи се без преседан по обем и сериозност. Би-би-си верува дека многу повеќе жени можеби биле нападнати.
Фајед, чиј син Доди загина во сообраќајна несреќа заедно со принцезата Дијана во 1997 година – стана познат на новата генерација преку серијата на Нетфликс – The Crown.
Европа
(Фото) Две девојки загинаа на екскурзија во Италија: „мерцедес“ со полна брзина налета на група пешаци
Две девојки од Германија кои биле на екскурзија во Италија загинале кога на нив налетал „мерцедес“. Несреќата се случила во Лидо ди Камахоре во средата околу 19 часот.
Жената, која била зад воланот на мерцедес, налетала на група пешаци и убила две девојки (18, 19) од Германија. Тие беа средношколци во Дуизбург (Северна Рајна-Вестфалија). Италијанската полиција се уште не објавила информации за нивниот идентитет.
Според надлежните, жената (44) наводно изгубила контрола над својот „мерцедес“ кога се случила несреќата. Пред тоа со голема брзина поминала низ два црвени семафори, а потоа удрила во група пешаци.
Наводно, таа прво ги удрила девојките, а потоа и останатите пешаци, за на крајот да удри во неколку паркирани возила во близина на хотелот.
Според Анса, вкупно седум лица се повредени, меѓу кои и возачот. Сите се пренесени во болница, а жената е уапсена.
Направен е и алкотест и нарко тест за да се провери дали е под дејство на алкохол или други супстанци.
Европа
„Путин знае дека НАТО е најсилниот воен сојуз во светот, затоа и не влегува во конфликт, алијансата нема да биде вовлечена во војна“
Генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг ги отфрли како „лажни“ тврдењата дека одлуката на сојузниците да и дозволат на Украина да погодува легитимни цели на руска територија ќе го вовлече НАТО во војна.
„Неточно е да се каже дека сојузниците на НАТО би можеле да станат страни во конфликтот ако дозволат употреба на западно оружје против легитимни цели на руска територија. Северна Кореја и Иран обезбедуваат значителна воена поддршка и обезбедуваат Русија со проектили и беспилотни летала без да станат директни учесници во конфликтот“, рече Столтенберг во интервју за Тајмс.
Тој нагласи дека ги поддржува сојузниците, како Велика Британија и Франција, кои се залагаат на Киев да му биде дозволено да користи ракети со долг дострел, како што е британската Storm Shadows, за да ја нападне Русија. Истовремено, тој посочи дека таквата дозвола е одговорност на земјите членки, а не на НАТО во целина.
„Таква одлука треба да донесат поединечни држави. Го поздравувам фактот што сојузниците ги отстранија или ги намалија ограничувањата за употреба на оружје“, рече Столтенберг.
Тој ја негираше „релевантноста“ на предупредувањето на рускиот претседател Владимир Путин дека употребата на ракети со долг дострел од Украина против воени цели на руска територија може да стане „црвена линија“, чие преминување би значело почеток на војна меѓу Русија и НАТО.
„Веќе имаше многу „црвени линии“ кои Путин ги прогласи пред ова и тој не прибегна кон ескалација, што би значело директно вклучување на сојузниците на НАТО во овој конфликт. Тој не го направи тоа затоа што разбира дека НАТО е најсилниот воен сојуз во светот.
И Русите разбираат дека нуклеарното оружје и нуклеарната војна не можат да донесат победа и дека за нив не треба ни да се размислува. Ова на Путин му го објаснивме многу јасно неколку пати“, нагласи генералниот секретар на НАТО, чиј мандат истекува на 1 октомври.