Спорт
Антони до петок сака да го напушти Манчестер јунајтед

Антони, фудбалерот на Манчестер Јунајтед е се поблиску до опцијата, во наредните 48 часа да го напушти клубот од Олд Трафорд.
Тогаш во Турција истекува преодниот рок, а според британските медиуми Бразилецот сака да игра за тимот на Фенербахче предводен од Жозе Мурињо.
Антони оваа сезона одигра само една минута на три премиерлигашки натпревари на „црвените ѓаволи“, а бидејќи е само четврта опција на крилните позиции кај Ерик Тен Хаг, сака да се пресели во Истанбул.
Тој наводно ги информирал челниците на клубот и менаџерот дека сака поголема минутажа и затоа сака да замине.
Освен Фенербахче, за него во текот на летото се интересираа и неговиот поранешен клуб Ајакс, како и неколку клубови од Шпанија и Саудиска Арабија.
Антони дојде во Манчестер Јунајтед на крајот на август 2022 година за 95 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.
На 83 натпревари постигна 11 гола со пет асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Црвена звезда го продаде најдобриот стрелец

Најдобриот стрелец на Црвена звезда во минатата сезона, Шериф Ендиај, кариерата ќе ја продолжи во Турција. Преодниот рок во оваа земја трае до полноќ.
Црвена звезда го продаде напаѓачот од Сенегал в Самсунспор. Според српските медиуми, спрскиот шампион од овој трансфер заработи шет милиони евра.
Во текот на денот, Ендиај ќе замине за Турција каде што, по медицинските прегледи, ќе потпише четиригодишен договор со новиот клуб. Тој се враќа во Турција, бидејќи во Црвенз звезда дојде од Адана, каде што играше две сезони.
Во дресот на Црвена Звезда, тој постигна 40 гола и запиша 12 асистенции на 89 натпревари. Освои две двојни круни и беше најдобар стрелец на првенството минатата сезона.
Спорт
Очоа ќе брани за АЕЛ Лимасол

Гиљермо Очоа има сериозни планови да настапи на Светското првенство во 2026 година.
Искусниот мексикански голман потпиша за АЕЛ од Лимасол и ќе биде во натпреварувачка форма пред Светското првенство следната година.
Очоа дебитираше за Мексико пред точно 20 години. Препознатлив е по своите наверојатни партии на најголемото фудбалско натпреварување, а сега доаѓа на Кипар, за прв пат во кариерата.
Очоа претходно го носеше дресот на Клуб Америка, Ажаксио, Малага, Гранада, Салернитана.
Забележа над 150 настапи за мексиканската репрезентација, а учествуваше и на Светските првенства во 2006, 2010, 2014, 2018 и 2022 година.
Foto/ ael.com.cy
Спорт
Слот зборуваше за Исак, но и за неуспешниот трансфер на Гуеи

Арне Слот одржа прес конференција пред натпреварот со Барнли во Премиер лигата. Видно располоѓен, Холанѓанецот одговараше на прашањата поврзани со Александер Исак и Марк Гуеи.
Слот е задоволен од фактот што Александар Исак се врати во Англија по репрезентативната пауза подготвен за игра. Швеѓанецот долго време не одиграл официјален натпревар, па затоа постоеше ризик од повреда.
Поради ова причина Слот го пофали селекторот на Шведска, Јон Дал Томасон:
„Шведскиот тренер заслужува огромен комплимент. Одигра два важни натпревари, а го имаше еден од најдобрите, ако не и најдобриот напаѓач на клупата, но знаеше дека ако Исак играше двапати по 90 минути, ќе се повреди и тоа би значело дека нема да биде на теренот неколку недели.“
"The Swedish manager Jon Dahl Tomasson deserves a big big big compliment" 👏
Arne Slot on if Alexander Isak is ready to make his Liverpool debut for Burnley, after playing with Sweden during the international break pic.twitter.com/XBlT795zjS
— Sky Sports News (@SkySportsNews) September 12, 2025
Слот зборуваше и за неуспешниот трансфер на Марк Гуеи во Ливерпул:
„Би било лудо ако негирам дека бевме блиску до неговиот трансфер. Такви работи се случуваат во фудбалот. Сакавме да го доведеме, се обидовме, но не успеавме.“
Ливерпул ќе го пречека Барнли во Премиер лигата во недела од 15:00 часот, а се очекува Исак да дебитира за клубот од „Енфилд“.
Фото/ Принтскрин