Македонија
Меѓународниот турнир во пинг-понг „Зегин опен 2024“ викендов третпат ќе се одржи во Берово
Викендов во Берово по трет пат ќе се одржи големиот меѓународен турнир во пинг понг -„Зегин Опен 2024“. Од 13. до 15. септември малото гратче во Малешевијата ќе биде домаќин на големото спортско случувања кое прерасна во препознатлива традиција.
Натпреварите ќе се одигруваат во Спортската сала „Македонски Бранители“ во Берово. За сабота на 14. септември е предвидено дефиле на земјите учеснички, а за вечерта е најавенголем концерт на македонската музичка група „Некст Тајм“ на Градскиот плоштад „Димитар Беровски“ во Берово.
Овој турнир од година во година привлекува големо внимание и интерес кај натпреварувачи од целиот свет, па така, на турнирот покрај Македонија како земјадомаќин , оваа година учество ќе земат и натпреварувачи од Аргентина, Косово, Бугарија, Нигерија, Киргистан, Србија, Турција, Украина, Грција, Германија, Хрватска и Белорусија.
На овогодинешното издание на „Зегин Опен 2024“ учество ќе земаат вкупно 177 натпреварувачи. Категориите кои ќе бидат застапени на самиот турнир се У-13, У-15, У19, апсолутна категорија, категории кај ветераните 40-49 години, 50-59 години, 60-69 години и највозрасните 70+ години во машка и женска конкуренција.
Паричната награда за првото место во апсолутна категорија и во машка и женска конкуренција изнесува 1.600 евра, а вкупниот награден фонд на „Зегин Опен 2024“ изнесува 12.000 евра.
Компанијата Зегин и ППК Зегин се единствени спонзори и организатори на овој турнир, кој е најголем турнир од ваков карактер на Балканот, а натпреварувачите секоја година си zаминуваат со големи впечатоци од одличната атмосфера и професионалната организација.
Сите љубители на спортот и на природата се поканети на овој спортски празник во прекрасното Берово, на уживање во пинг понг, чист воздух, домашна и вкусна храна, добра музика и забава.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Митева за извештајот на Советот на јавни обвинители: Институциите мора да се научат дека не може да функционираат по терк кој досега бил пракса со власта на СДС и ДУИ
„Очигледно дека работата на Советот на јавни обвинители не е добра ниту целосна, ниту па ја одразува и ја применува целата улога за која практично беше и формиран. Жалам, поддршка на ваков извештај ниту сега ниту во иднина нема да дадам“, истакна членот на ИК и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на денешната собраниска Комисија за политички систем на која дебатираа за Годишниот извештај на Советот на јавни обвинители за 2023 година.
„Мора да се научат институциите дека не може да функционираат по терк кој досега бил пракса со власта на СДС и ДУИ каде само бледо ќе напишат некои статистики и ќе ги пратат до Собранието и ќе ценат дека така ќе поминат работите. Мора да размислуваме како да ги подобруваме работите, тоа беше и наше предизборно ветување“, рече Митева.
Таа истакна дека по скандалот со заменик претседателот кој се случи очекувала оставка од сите во Советот на јавни обвинители. „Во најмала рака очекував дека по скандалот кој се случи со заменик претседателот сите како совет на јавни обвинители ќе понесете морална одговорност, оставки и ќе кажете дека не сакате да сте дел од еден таков совет“, посочи Митева.
Македонија
Пренџов: На Македонија и требаат промени, граѓаните со право бараат оставки во судството со 2 проценти доверба
„Огромно мнозинство од граѓаните, пратениците во Собранието и сите добронамерни организации кои и мислат добро на Македонија очекуваа од сите вас во советот денес да си поднесете оставки. Требаше да си поднесете оставки бидејќи крајно време е во Република Македонија да создадеме еден нормален правен систем во кој на челото на правда и правичност ќе бидат пресудни во правниот промет кој го имаат граѓаните со институциите“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов на денешната собраниска Комисија за политички систем на која дебатираа за Годишниот извештај на Советот за јавни обвинители за 2023 година.
Пренџов додаде: „Ние во Македонија правна држава немаме. Правната држава почива на два столба првата е јавното обвинителство а вториот е судството. Ниту едното функционира, ниту другото функционира. Срамно е никој да не поднесе оставка од функција за која граѓаните кои сите не плаќаат имате 2% рејтинг“.
Пренџов укажа дека во Македонија нема правна држава, право и обвинителски систем.
„Темата право правда и реформи во правосуден систем беше ставен пред изборот на граѓаните, на секоја анкета немањето право и правда е клучен проблем, ама решение на него не е со вие да продолжите со како до сега да бидете судски совет во оваа држава со 2% рејтинг. На Македонија и требаат промени, а не козметика со зборување еден час и при тоа не кажување ништо“, дециден е Пренџов.
Македонија
Панова за работата на Советот за јавни обвинители: Нема позитивна работа
Во Извештајот за работа на Советот за јавни обвинители се вели дека Советот сите обврски ги има завршено успешно, па прашувам успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два посто, праша пратеничката Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем на која дебатираа за Годишниот извештај на Советот за јавни обвинители за 2023 година.
„Гледајќи седница на Советот што видов, што заклучив. Советот кој е составен од 11 члена е нем, никој ништо не зборува зарем тоа е транспарентност. Транспарентност ли е да се молчи. Се гледа дека само немо спроведувате одлуки“, рече Панова.
Панова се осврна на делот на Извештајот во кој се зборува за бројки или за статистика.
„Во делот каде зборувате за претставки давате бројки, статистика и кажувате дека најмногу претставки се во ЈО Скопје што е очекувано најголем број предмети се таму, но стои дека има незадоволство од времетраење на постапки што говори за неажурност, укажуваат за брзо решавање на предмети поднесени за луѓето за кои вие не смеете да постапите и најлесно е да ја отфрлите кривичната пријава, помал број биле претставки од незадоволство од застапената застареност. Или ако претставките зборуваат за неажурност, селективност, застареност на пријавите вие говорите дека позитивно работите“, посочи Панова