Свет
Дали љубовна врска е мотивот за страшното злосторство – мајката, чичкото и братот се главните осомничени за смртта на малата Нарин
Поминаа четири дена откако телото на малата Нарин Гуран беше пронајдено во потокот, а ситуацијата во врска со овој случај сѐ уште не се смирува, пренесуваат медиумите во регионот.
Нејзиниот чичко Селим се наведува како главен осомничен за убиството на девојчето, а очите на јавноста се насочени и кон мајка ѝ и постариот брат.
Турските власти сега се фокусирани на три можни мотиви за убиството на девојчето.
Како најверојатен мотив за убиството со денови се зборува за љубовната врска меѓу мајката на Нарин и чичкото Селим. Сомнежите, како што пишуваат локалните медиуми, се дека малата Нарин можеби ги видела мајка си и чичкото во непријатна ситуација и затоа била убиена.
Сепак, чичкото Селим, кој е во притвор, ја демантирал врската.
„Не сме во врска. Нарин е ќерка на брат ми“, одговори тој.
Според медиумите, се верува дека ситуацијата за љубовната врска ќе се разреши кога експертите ќе ги вратат избришаните пораки од телефонот на мајката и чичкото.
Кога било пронајдено телото на девојчето, првин бил приведен братот на Нарин, Енес (18).
На неговата рака биле пронајдени отпечатоци од заби за кои полицијата се сомневала дека можеби ги направила неговата помлада сестра.
Се сомневаат дека Нарин можеби видела дека брат ѝ и неговите пријатели го малтретирале кучето и дека ја убиле за да не каже никому што видела.
Многумина во селото тврдат дека таткото на Нарин, Ариф, и чичко ѝ Селим имале многу лоши односи.
Наводно, Селим еднаш напишал на една социјална мрежа: „Ќе те натерам да доживееш таква болка“ и дека оваа порака била наменета за брат му Ариф.
Иако многумина веруваат дека чичкото можеби ја убил девојката за да му се одмазди на својот брат, тој на сослушувањето во полиција негира.
Полицијата уште од почетокот добивала погрешни информации од роднините поради што некои од нив биле уапсени поради попречување на истрагата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.

