Скопје
Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата
Град Скопје, денеска, до Министерството за локална самоуправа ги достави проектите во согласност со објавениот јавен повик за поддршка од Владата, со цел унапредување на квалитетот на живот на жителите на Скопје.
„Поднесени се 20 проекти во повеќе области со фокус на подобрување на јавниот превоз, развој на градската патна инфраструктура, противпожарната заштита, јавната хигиена, информациски технологии и дигитализација, како и од областа на културата.
Во областа сообраќај Град Скопје поднесе проекти за 80 еколошки ЦНГ-автобуси и 15 електрични автобуси. Во областа на противпожарната заштита Град Скопје аплицира за обезбедување финансиски средства за нови противпожарни возила“, информираат од Град Скопје.
„Во сферата на урбанизмот и развој на патната инфраструктура аплицира со проекти за реконструкција на улицата Беласица, изградба на булеварот Македонско-косовска бригада, од раскрсницата со булеварот Никола Карев до раскрсницата со булеварот Босна и Херцеговина, кружен тек на улицата Ѓорче Петров со булеварот Македонска војска, изградба на кружен тек на булеварот Александар Македонски, изградба на кружни текови на булеварот 12. Македонска бригада, реконструкција на булеварот Србија и проект за надградба на постојната градежна механизација.
Од областа на комуналните дејности Град Скопје поднесе проекти за зајакнување на капацитетите на јавните претпријатија ‘Комунална хигиена’ и ‘Паркови и зеленило’, како и за реконструкција на стакленици за производство на садници. За секторот култура и спорт, Град Скопје аплицира со проекти за реконструкција на планетариумот и изведба и поставување трим-тартан атлетска патека по должината на кејот на реката Вардар.
Со цел имплементирање повисок степен на дигитализација и информациски технологии Град Скопје поднесе проект за LoRaWAN-инфраструктура и за систем за паметно мерење и управување со електричната енергија на град Скопје.
Во период кога Град Скопје се соочува со голем број предизвици, а наш приоритет е обезбедување квалитетни услуги и ефикасни решенија за граѓаните, се надеваме на успешна соработка со централната власт во насока на заедничка реализација на проектите со цел напредок на градот и подобар живот на граѓаните на нашето Скопје“, соопштуваат од Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

