Свет
Нападнат американски дипломатски комплекс во Ирак: се бара истрага
Дипломатскиот објект на Соединетите Американски Држави во Багдад беше нападнат доцна во вторникот, но засега нема извештаи за повредени, а процената на штетата е во тек, изјави во средата портпаролот на американската амбасада.
Безбедносни извори изјавија за „Ројтерс“ дека околу 23 часот во вторникот две ракети паднале во близина на американските сили стационирани во близина на аеродромот во Багдад во кампот „Виктори“.
„Околу 23 часот во вторникот, 10 септември, се случи напад врз дипломатскиот комплекс во Багдад, дипломатски објект на Соединетите Американски Држави“, се вели во соопштението на американската амбасада.
За среќа, нема пријавено повредени и во моментот се врши процена на штетата и нејзината причина. Нашата процена е во тек“, се вели во соопштението.
Катаиб Хезболах, една од ирачките вооружени фракции поддржани од Иран, рече дека времето на нападот очигледно имало намера да ја попречи посетата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан на Ирак, која почна во средата.
Групата ги повика ирачките безбедносни сили во соопштението објавено рано во средата да го истражат нападот и да утврдат кој е одговорен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Повеќе од 1.000 луѓе евакуирани поради невремето во Италија, училиштата затворени
Реката Сенио се излеа во населбата Кастел Болоњезе кај Равена и водата стигнува до центарот на градот, додека низ регионот Емилија Ромања повеќе од 1.000 луѓе се евакуирани поради влошување на временските услови, соопштија денеска локалните власти.
Покрај 800-те луѓе евакуирани во областа Равена, уште 165 лица биле принудени да ги напуштат своите домови во областа Болоња, пренесува Анса.
Железничкиот сообраќај е во прекин од синоќа меѓу Форли и Фаенца, меѓу Равена и Кастел Болоњезе, Равена и Ферара и меѓу Равена и Фаенца поради временските услови кои можат да доведат до поплави.
Европа
ОН: Руските напади врз енергетската мрежа на Украина го прекршуваат хуманитарното право
Руските воздушни напади врз енергетската мрежа на Украина веројатно го прекршуваат меѓународното хуманитарно право, соопшти набљудувачката мисија на ОН, додека Украинците се подготвуваат за најлошата зима од почетокот на руската инвазија.
За време на инвазијата, Русија истрела стотици проектили и беспилотни летала врз украинските капацитети за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија.
Првиот голем бран удар се случи во есента и зимата 2022 година, неколку месеци откако Русија ја започна својата инвазија. Нападите продолжија во текот на целата војна, иако Москва значително ја засили својата кампања од март.
Секој бран напади ги остави украинските градови без струја.
Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина (HRMMU) го фокусираше својот извештај на девет бранови напади помеѓу март и август 2024 година.
„Постојат разумни основи да се верува дека повеќе аспекти на воената кампања за оштетување или уништување на цивилната инфраструктура за производство и пренос на електрична енергија и топлина во Украина ги прекршиле основните принципи на меѓународното хуманитарно право“, се вели во извештајот.
Регион
Три девојчиња претепале врсничка пред училиште во Панчево
На социјалните мрежи се појави снимка од тепачка која се случи синоќа во Панчево, а според првите информации се работи за тинејџерки, инаку малолетни.
На видеото се гледа како три девојчиња ги тепаат своите врсници.
Околу нив има голем број луѓе, но никој не се обидува да ги спречи во насилството. Во еден момент, претепаното девојче паѓа на бетонот, но трите врснички продолжуваат да ја удираат по глава, по што некој од присутните ги раздвојува.
Од полициската управа во Панчево велат дека веднаш ги презеле сите дејствија за идентификување на учесниците и утврдување на околностите, но дека самиот случај не бил пријавен во полиција од ниту еден од учесниците. Исто така, потенцираа дека по сознанијата за актерите на инцидентот, ќе се консултира надлежното обвинителство и судот.