Топ
Приведен 22-годишник за обидот за убиство во Арачиново
СВР Скопје го расчисти обидот за убиство во Арачиново, што се случи на крајот на минатиот месец.
Тогаш со огнено оружје беше пукано кон А. И. (25) и В. Б. (29) од селото Арачиново, при што прострелни рани доби А. И. и беше пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“.
„Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти извршени се претреси на повеќе локации во селото Арачиново, при што од слобода е лишен Е. А. (22) од с. Арачиново. Од страна на ЕНК-ОКСД поднесена е кривична пријава против Е. Б. (29), В. А. (27) и Е. А. (22), сите од с. Арачиново, за кривично дело обид за убиство по член 123 во врска со член 19 од КЗ и кривично дело предизвикување општа опасност по член 288 од КЗ“, информираа од СВР Скопје.
Од страна на судија на претходна постапка на лицето Е. А. определена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
За лекарски прегледи се чека и со месеци, а стотици термини останале празни оти граѓаните не дошле: „Ако не можат, нека откажат преку СМС“ – апелираат надлежните
Граѓаните што не може да го искористат закажаниот „Мој термин“ во јавното здравство, преку СМС-порака да го откажат за да им остават простор на пацинетите на кои им е потребен и да се намалат листите на чекање, порача денес заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски.
Како пример посочи дека во Скопје за компјутерска томографија, од 4.070 закажани термини, 970 не се појавиле ниту пак, известиле дека нема да може да дојдат.
Заменик-министерот направи споредба со некои држави во кои ако двапати ако се откаже терминот, следува глоба или губење на можноста пациент да закаже редовен термин за одреден временски период. Сепак, Андоновски, не гледа засега на тоа како можно решение кај нас, туку се надева дека преку ваквите апели ќе може да се поправи состојбата.
Македонија
И средношколците ќе протестираат поради јавниот превоз во Скопје
Сојузот на средношколците го поддржува и ќе учествува на денешниот протест посветен на решавање на проблемот со недостигот на јавен превоз во Скопје.
Протестот ќе почне во 14 часот пред старата пошта во Скопје по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14.30 часот.
„Овој сериозен проблем особено ги засега средношколците правејќи го секојдневното патување до училиштата во градот сè потешко. Како млади луѓе, кои директно се засегнати, бараме итни и одржливи решенија за враќање на јавниот превоз и обезбедување еднаков пристап до образование за сите ученици“, велат од Сојузот на средношколците.
Се додава дека Сојузот останува посветен на застапување на правата и потребите на учениците и обезбедување дека гласовите ќе бидат слушнати за прашања што ги засегаат нашето образование и секојдневен живот.
Топ
Скопјанка на 69-годишна возраст е жената што загина по удар на автомобил во Чаир
Шеесет и деветгодишна жена, со иницијали Н.П. од Скопје е починатата по ударот на автомобил во Чаир, објави МВР.
Несреќата се случи вчера во 18.40 минути, на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.
Како што претходно беше објавено, автомобил „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 19-годишната А.Џ., удрил во жената, која од здобиените повреди починала на местото на настанот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Девојката којашто управувала со возилото се здобила со телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
По наредба на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.