Свет
(Во живо) Прва приватна вселенска прошетка – историска мисија на „Спејс икс“

Мисијата Polaris Dawn на „Спејс икс“ ги лансира американскиот милијардер Џаред Исакман и уште тројца астронаути во орбитатата со цел за време на петдневен лет да ја извршат првата приватна обиколка во вселената. Командант на мисијата е самиот Исакман, пилотот е пензионираниот потполковник на американските воздухопловни сили, Скот (Кид) Потет, специјалист за мисијата е Сара Гилис, шеф на вселенските операции на „Спејс икс“ за обука на астронаути, а медицинскиот службеник е Ана Менон.
Тоа е првиот од трите вселенски летови на програмата „Поларис“ и вториот што Исакман лично го финансира. „Спејс икс“ го ажурира времето на вселенската прошетка и објави дека ќе се одржи денес во 11.58 часот. Во случај на непредвидени тешкотии, прошетката може да се одложи за петок, 13 септември. Вселенската прошетка, која ќе ја водат Џаред Исакман и Сара Гилис, може да се следи во живо.
Историската вселенска прошетка, односно периодот што екипажот ќе го помине во вакуум, треба да трае два часа. Кога ќе дојде време сите четворица астронаути во мисијата Polaris Dawn ќе облечат вселенски костими и потоа ќе ја депресурираат капсулата „Драгон“ за да може Исакман и Гилис да излезат надвор од отворот, пишува „Спејс.ком“.
Двајца членови на екипажот ќе излезат од капсулата околу 15-20 минути и ќе останат делумно надвор од отворот за да ги тестираат костимите ЕВА (вселенски) дизајнирани и развиени од „Спејс икс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Премиерот на Гренланд: Со нетрпение ја очекувам посетата на данската премиерка

Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен денеска изјави дека со нетрпение ја очекува посетата на данската премиерка Мете Фредериксен во среда.
Нилсен рече дека Гренланд долго време ја посакувал оваа посета, објави Ројтерс.
Тој во неделата рече дека САД нема да го добијат Гренланд, одговарајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз оваа самоуправна автономна територија под суверенитет на Данска.
Свет
Од кабинетот на Зеленски негираат дека тој се подготвува да се кандидира за втор мандат

Од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го демантираат извештајот на британскиот Економист дека Зеленски се подготвува да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во јули.
Оттаму исто така, негираа дека Зеленски одржал состанок за изборите во јули, на кој наводно, според Економист, му наредил на својот тим да ги организира изборите, пренесе УНИАН.
Извор од украинската влада изјави дека главното прашање сега е постигнување мир и дека е целосно лажно дека подготовките за изборите веќе се во тек.
Свет
Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на пресудата

Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на одлуката на судот со која лидерката на француската крајна десница е осудена на четири години затвор, соопшти нејзиниот адвокат.
Според одлуката, две од вкупно четирите години затвор ќе бидат условна казна. Судот пресуди и дека Ле Пен треба да добие петгодишна забрана за вршење јавна функција и треба да плати парична казна од 100.000 евра.
Ле Пен е прогласена за виновна за проневера на европски фондови.
Ова е удар за демократијата – рече нејзиниот адвокат.
– Марин Ле Пен ќе продолжи да се бори – изјави портпаролот на нејзината партија Национален собир.
Ле Пен важи за еден од фаворитите за претседателските избори во Франција закажани за 2027 година.