Свет
(Видео) Најдетаљна снимка на површината на далечна ѕвезда: видливи се огромни меурчиња гас

Астрономите првпат снимија далечна ѕвезда со толку детали што движењето на гасот може да се види на нејзината површина. Во текот на јули и август 2023 година, користејќи го телескопот Atacama Large Millimeter/submillimeter Array (ALMA), тие ја следеа ѕвездата Р Дорадус и забележаа огромни врели меурчиња од гас на неа, кои се 75 пати поголеми од Сонцето.
На површината на блескавата ѕвезда се појавија меурчиња, а потоа потонаа во нејзината внатрешност побргу отколку што очекуваа научниците.
„Ова е првпат да ја снимиме турбулентната површина на далечна ѕвезда на овој начин. Не очекувавме податоците да бидат со толку висок квалитет и да ги видиме деталите за конвекцијата на површината на ѕвездата“, рече астрономот Воутер Влемингс од Универзитетот за технологија „Чалмерс“ во Шведска.
Р Дорадус е црвена џиновска ѕвезда со дијаметар 350 пати поголем од Сонцето. Во објавената серија фотографии можете да видите колку е голема во споредба со Сонцето и орбитата на Земјата. Оддалечена е околу 180 светлосни години од нас. Иако е огромна ѕвезда, има маса слична на Сонцето; што значи дека кога нашето Сонце ќе стане црвен џин за речиси пет милијарди години, ќе личи на Р Дорадус.
Истражувањето со наслов One month convection timescale on the surface of a giant evolved star беше објавено во списанието Nature.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.
Свет
Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање.
Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција.
Јута, државата каде што се случи пукањето, е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуции со стрелање.
Свет
Осомничениот за убиството на Кирк задржан во притвор без можност за кауција

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк во Јута, е приведен без кауција.
Судските документи исто така наведуваат дека Робинсон нема прекршочни или кривични пресуди.
Робинсон беше приведен по неколку првични обвиненија, кои вклучуваат тешко убиство, пукање со огнено оружје и попречување на правдата. Официјални обвиненија сè уште не се покренати против него.
Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, е сместен во окружниот затвор во Спаниш Форк во американската држава Јута.
Властите имаат три дена да поднесат документи како подготовка за прелиминарно судско рочиште, каде што Робинсон треба да се појави за прв пат пред судија, што се очекува на почетокот на следната недела.