Свет
Трамп: Нема да учествувам во друга изборна дебата со Камала Харис
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека нема да учествува во друга изборна дебата со неговата демократска ривалка, потпретседателката Камала Харис.
„Нема да има трета дебата“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, пренесе Ројтерс.
Камала Харис го покани Трамп на втората предизборна дебата во октомври, помалку од еден час откако првата дебата на двајцата кандидати на ТВ ABC News заврши претходно оваа недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Дунав се излеа во Будимпешта: Го поплави кејот и стигна до зградата на парламентот
Дунав се излеа од коритото во Унгарија, а водата го поплави кејот и стигна до зградата на парламентот во Будимпешта.
Како што јавуваат унгарските медиуми, Дунав го поплавил долниот кеј во Пешта, а водата стигнала до зградата на унгарскиот парламент.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан утринава на прес-конференција изјави дека состојбата со поплавите се уште е сериозна и тешка.
The Danube has flooded in Budapest! 🇭🇺📷 This is what the lowest part of the city looks like The water level is expected to rise for two more days #Powodź #Powodz2024 #Budapest pic.twitter.com/Mp8hmAPAUu
— Madison Moore (@moore_madi73907) September 19, 2024
„Нашето внимание не смее да олабави и по највисокиот водостој, бидејќи после тоа може да има проблеми“, изјави Орбан.
Тој додаде дека се очекува поплавата да ја напушти земјата до средината на следната недела.
Европа
(Видео) Полскиот премиер: Ако видите германски војници, не паничете, дојдоа да помогнат
Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во најмалку две децении оставија трага на уништување од Романија до Полска, со кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили и оставајќи ги властите и луѓето со сметки за штети кои ќе се мерат во милијарди долари, пишува агенцијата Ројтерс.
Градовите јужно од Вроцлав, како што е Левин Брзески, веќе ја почувствуваа целата сила на поплавите, принудувајќи ги жителите да минуваат низ водата до половината или да бараат засолниште на покривите на влезовите на станбените блокови.
Германија се понуди да им помогне на Полјаците. Тоа беше можност за примеси на хумор во инаку незавидна ситуација. Така полскиот премиер Доналд Туск на хумористичен начин го најави доаѓањето на германски доброволци и војници, кои ќе им помогнат на Полјаците во санирањето на последиците од поплавите.
"If you see German soldiers, don't panic. They're here to help," says Polish PM @donaldtusk after announcing that German troops were volunteering to help tackle the floods in Poland pic.twitter.com/h8XwO2egG3
— Daniel Tilles (@danieltilles1) September 19, 2024
„Ако видите германски војници, не паничете. Тие дојдоа да помогнат“, рече тој.
Инвазијата на Полска од страна на германските војници на 1 септември 1939 година се смета за почеток на Втората светска војна.
Свет
Израелски бизнисмен обвинет за заговор за атентат врз Нетанјаху: „Иран стои зад се“
Израелската разузнавачка агенција Шин Бет денеска објави дека обвинила израелски бизнисмен за заговор за атентат врз Бенјамин Нетанјаху.
Според тврдењата на агенцијата, човекот планирал да ги убие министерот за одбрана Јоав Галант и шефот на Шин Бет Ронен Бар, а планот бил развиен од разузнавачките агенции во Иран, пишува „Ерусалим пост“.
Осомничениот, наводно, двапати го посетил Иран – во мај и август – и за тие средби добил 5.000 евра.
„Шин Бет“ соопшти дека на човекот му било наредено да преземе финансиски, логистички и активности поврзани со оружје како дел од планот.
Мажот беше уапсен минатиот месец под сомнение дека „извршил безбедносни прекршувања поврзани со контакт со разузнавачки елементи на иранскиот режим“.