Македонија
Радев пред средбата со Сиљановска: Очекуваме Северна Македонија да ги исполни своите обврски, нека се вратат на реализмот

Владата на Република Северна Македонија сѐ уште не ја напуштила предизборната реторика. Нека се вратат на реализмот.
Ова им го порача на новинарите бугарскиот претседател Румен Радев неколку часа пред средбата со претседателката на РСМ, Гордана Сиљановска-Давкова, која доаѓа во Софија на оперската продукција „Набуко“, јавува „Бгнес“.
„Точно е дека музиката и културата се сфери што нѐ зближуваат и Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Република Северна Македонија и очекува овој дијалог не само да помогне во нашето културно зближување, да даде поттик на економската соработка, очекуваме со ова дијалог, конечно, решавање на отворените прашања меѓу нас“, рече Радев.
Тој нагласи дека заедно со потпишаните договори, вклучувањето на раководството на Северна Македонија во Коридорот 8 ќе биде јасен показател за реалните европски амбиции на РСМ за поголема поврзаност во регионот.
„Очекувам искажаната желба за дијалог и разбирање од страна на претседателката Сиљановска да стане конзистентна политика и на Владата на РСМ“, рече Радев и продолжи:
„Владата на Република Македонија сѐ уште не ја напуштила предизборната реторика. Нека се вратат на реализмот. Нашите односи ќе се засноваат на склучените договори. Очекуваме РСМ да ги исполни сите свои обврски – и кон нас и кон Европската Унија“.
Строго го следиме протоколот, на ред сум да дојдам во официјална посета на Република Македонија“, рече Радев во врска со денешната посета на Сиљановска-Давкова, која е неофицијална, пренесува медиумот.
Запрашан дали веќе има ваква покана, Радев рече дека ова прашање ќе биде разјаснето со шефот на македонската држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Наскоро зонско паркирање во Автокоманда

Во скопската населба Автокоманда наскоро ќе биде воведено зонско паркирање, најави кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
„ Со особено задоволство ги информирам жителите на Автокоманда дека е донесено Решение за утврдување на режим на сообраќај во Автокоманда. Со ова официјално се одобрува воведувањето на зонско паркирање – решение кое жителите на Автокоманда го очекуваат повеќе од една деценија“, рече Стефковски.
Тој додава дека во моментов интензивно се работи на изработка на проектот за обележување на улиците и поставување на потребната сигнализација, а активностите на терен ќе започнат во најкус можен рок.
Стефковски најави дека секое домаќинство ќе добие две бесплатни картички за паркирање.
Македонија
Уапсена сопругата на докторот кој беше застрелан во Куманово, била вмешана во обидот за неговото убиство

Полицијата ја уапси сопругата на докторот кој беше застрелан вчера во Куманово. Тој со повреди беше пренесен во болница, но се наоѓа во стабилна состојба. Според информациите на МВР, сопругата е осомничена дека е вмешана во обидот за неговото убиство.
„Вчера полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско“, велат од МВР.
Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес.
По целосно документирање на случајот, против сопругата ќе следува соодветна пријава, додека против Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и се уште е во бегство, по консултација со Основното јавно обвинителство, исто така ќе биде поднесена кривична пријава.
Од Министерството за здравство вчера соопштија дека во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини. Од таму известија дека повредите не се животно-загрозувачки и дека докторот е во стабилна состојба и се опоравува.
Од ДУИ, пак, информираа дека станува збор за нивен кандидат и носител на листата во Општина Липково.
Македонија
Евакуации во објектите околу плоштадот „ВМРО“ поради куфер оставен на плочникот, полицијата утврди дека е празен

Обезбедувањето на Јавното претпријатие за државни патишта пријавило во полиција дека две лица денес оставиле куфер на плочникот пред нивниот објект сместен на плоштадот „ВМРО“ веднаш до седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Полицијата веднаш излегла на терен, почнала евакуација на вработените од објектите околу плоштадот, а проверките покажале дека куферот е празен.
„Денеска (08.10.2025) во 12.55 часот лице од обезбедувањето на ЈП ‘Државни патишта’ пријавило дека на видеонадзор пред канцелариите на ЈП ‘Државни патишта’ на плоштадот ‘ВМРО’ во Скопје биле забележани две лица како го разгледуваат местото, а едно од лицата оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен“, соопшти МВР.