Европа
Објавена снимка од ослободените Украинци од руско заробеништво
Украина денеска врати 49 украински ветерани и цивили од руско заробеништво, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Меѓу нив има и припадници на украинската армија, Националната гарда, полицијата и граничарите, додаде тој.
Меѓу нив има 23 жени. Ослободени се и дел од цивилите кои Русија ги приведе и незаконски ги затвори пред инвазијата, објави Координативниот штаб за третман на воени затвореници.
На социјалните мрежи се шират потресни снимки од ослободените Украинци, завиткани во знамиња и прегрнати со членовите на семејствата кои ги пречекале.
„Мораме да ги вратиме дома сите наши војници и цивили“, рече Зеленски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
ОН: Руските напади врз енергетската мрежа на Украина го прекршуваат хуманитарното право
Руските воздушни напади врз енергетската мрежа на Украина веројатно го прекршуваат меѓународното хуманитарно право, соопшти набљудувачката мисија на ОН, додека Украинците се подготвуваат за најлошата зима од почетокот на руската инвазија.
За време на инвазијата, Русија истрела стотици проектили и беспилотни летала врз украинските капацитети за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија.
Првиот голем бран удар се случи во есента и зимата 2022 година, неколку месеци откако Русија ја започна својата инвазија. Нападите продолжија во текот на целата војна, иако Москва значително ја засили својата кампања од март.
Секој бран напади ги остави украинските градови без струја.
Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина (HRMMU) го фокусираше својот извештај на девет бранови напади помеѓу март и август 2024 година.
„Постојат разумни основи да се верува дека повеќе аспекти на воената кампања за оштетување или уништување на цивилната инфраструктура за производство и пренос на електрична енергија и топлина во Украина ги прекршиле основните принципи на меѓународното хуманитарно право“, се вели во извештајот.
Европа
(Видео) Полскиот премиер: Ако видите германски војници, не паничете, дојдоа да помогнат
Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во најмалку две децении оставија трага на уништување од Романија до Полска, со кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили и оставајќи ги властите и луѓето со сметки за штети кои ќе се мерат во милијарди долари, пишува агенцијата Ројтерс.
Градовите јужно од Вроцлав, како што е Левин Брзески, веќе ја почувствуваа целата сила на поплавите, принудувајќи ги жителите да минуваат низ водата до половината или да бараат засолниште на покривите на влезовите на станбените блокови.
Германија се понуди да им помогне на Полјаците. Тоа беше можност за примеси на хумор во инаку незавидна ситуација. Така полскиот премиер Доналд Туск на хумористичен начин го најави доаѓањето на германски доброволци и војници, кои ќе им помогнат на Полјаците во санирањето на последиците од поплавите.
"If you see German soldiers, don't panic. They're here to help," says Polish PM @donaldtusk after announcing that German troops were volunteering to help tackle the floods in Poland pic.twitter.com/h8XwO2egG3
— Daniel Tilles (@danieltilles1) September 19, 2024
„Ако видите германски војници, не паничете. Тие дојдоа да помогнат“, рече тој.
Инвазијата на Полска од страна на германските војници на 1 септември 1939 година се смета за почеток на Втората светска војна.
Европа
Голем скандал ја потресе Англија: пет жени го обвинија покојниот татко на љубовникот на принцезата Дијана дека ги силувал
Пет жени изјавија дека биле силувани од поранешниот шеф на „Хародс“, Мохамед ал-Фајед, додека работеле во луксузната стоковна куќа во Лондон.
Би-би-си го слушна сведочењето на повеќе од 20 поранешни работници, кои велат дека милијардерот, кој почина минатата година на 94-годишна возраст, сексуално ги нападнал – вклучително и ги силувал.
Во документарецот и поткастот Al-Fayed: Predator at Harrods, тие собраа докази дека „Хародс“ за време на сопственоста на Фајед не само што не успеал да интервенира туку помогнал да се прикријат наводите за злоупотреба.
Сегашните сопственици на „Хародс“ рекоа дека се апсолутно згрозени од обвинувањата и дека неговите жртви биле предадени – за што продавницата упати искрено извинување.
Инцидентите се случиле во Лондон, Париз, Сен Тропе и во Абу Даби.
„Јасно кажав дека не сакам тоа да се случи. Не дадов согласност. Сакав само да заврши“, рече една од жените, која вели дека Фајед ја силувал во неговиот стан во Парк Лејн.
Друга жена вели дека била тинејџерка кога тој ја силувал на адресата на Мејфер.
„Мохамед ал-Фајед беше чудовиште, сексуален предатор, без никаков морален компас“, рече таа додавајќи дека целиот персонал во „Хародс“ бил негова играчка.
„Сите бевме толку исплашени. Тој активно влеваше страв. Кога ќе рече „скок“, вработените прашуваа „колку високо“, додаде таа.
Фајед се соочи со обвинувања за сексуален напад додека беше жив, но овие наводи се без преседан по обем и сериозност. Би-би-си верува дека многу повеќе жени можеби биле нападнати.
Фајед, чиј син Доди загина во сообраќајна несреќа заедно со принцезата Дијана во 1997 година, ѝ стана познат на новата генерација преку серијата на „Нетфликс“ – „Круната“.