Црна хроника
Инцидент во казино: Гостиварец со нож и’ се заканил на вработена
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Ш.(36) од Гостивар поради постоење загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
„На 22.04.2024 во казино во Гостивар, пријавениот со нож упатил закани кон една вработена“, објави МВР во дневниот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со велосипед удрил во пешак и побегнал
Вчера во 07.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Доне Божинов“ и ул.„Ленинова“ во Куманово, велосипед удрил во пешакот М.Н.(46) од Куманово, по што возачот го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни порведи се здобила М.Н., констатирани во Градската општа болница Куманово.
Извршен бил увид од екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Приведен крадец осуден на 10 години и девет месеци затворска казна
На ул.„Волт Дизни“ во Скопје, полициски службениџи од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(30) од Скопје.
Тој бил осуден на 10 години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за доиздржување на пет години и девет месеци од казната.
Лицето било спроведенo во Полициското одделение Шуто Оризари за понатамошна постапка, по што ќе биде спрведено во надлежната казнено – поправна установа за доиздржување на казната.
Црна хроника
Тешко повреден малолетник на велосипед во Прилеп
Вчера во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(59) од Прилеп и велосипед управуван од малолетник од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.