Спорт
(Видео) Хет-трик на капитенот – Еспањол го победи Алавес
Фудбалерите на Еспањол го победија Алавес со 3:2, во натпреварот од петтото коло на Ла Лига.
Сите три гола за Еспањол ги постигна Хави Пуадо во 21., 56. и od пенал во 63. минута. Стрелци за Алавес беа Томас Конечни во 35 и Нахуел Тенаља во 68 минута.
Двете екипи освоија по седум бода и се изедначени на шестото место.
Еспањол во првите две кола не освои ниту еден бод, а во следните три од можните девет освои седум.
Капитенот Пуадо со хет-трикот се запиша во клупската историја. Пред Пуадо само шест фудбалери успеале да постигнат три гола на еден натпревар во дреост на Еспањол: Макси Родригез, Луис Гарсија, Валтер Пандиани, Раул Тамудо, Калу Уче и Серхио Гарсија.
Во следното коло Еспањол ќе гостува кај Реал Мадрид, додека Алавес ќе ја пречека Севилја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Флик: Можеме да ја освоиме Лигата на шампионите
Барселона го започнува овогодинешното учество во Лигата на шампионите со гостувањето во Монте Карло кај Монако.
Каталонците одлично го започнаа шпанското првенство, во првите пет натпревари имаат исто толку победи.
Германскиот стручњак Ханси Флик смета дека неговиот тим може да оди до крај во елитното европско натпреварување.
„Верувам дека можеме да стигнеме до титулата во Лигата на шампионите. Тоа е секогаш цел на најголемите клубови. Лигата на шампионите е најсилното натпреварување во светот, а јас сум убеден дека Барса може да игра и да ги победи сите“, изјави Флик.
Спорт
Македонија остана 72. на ФИФА-листата
Фото/ ffm.mk
Светската фудбалска федерација (ФИФА), во четвртокот ја објави најновата ранг листа на која Македонија го задржа пласманот од претходното рангирање.
Македонија во септември, одигра два натпревари во Лигата на нации, забележа реми со Фарси Острови (1:1) и ја победи Ерменија (2:0). Македонија ја задржа 72.позиција на ФИФА листата.
На најновата листа нема промени во Топ 10: прва е Аргентина пред Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија.
Спорт
Мудрик незадоволен од статусот сака да го напушти Челси
Една година по трансферот од Шахтјор, Михаило Мудрик би можел да го напушти Челси.
Градските ривали, Арсенал и Челси, во јануари 2023 година водеа голема битка за потписот на талентираниот Украинец. Челси успеа да го обезбеди неговиот потпис откако понуди речиси двојно повеќе пари.
Арсенал излезе со понуда од 40 милиони евра и став дека тоа е максимумот што го нудат за Мудрик. Шхтјор, логично, ја прифати понудата од „Стенфорд Бриџ“ од 70 милиони евра.
Девет месеци подоцна, Мудрик се наоѓа пред заминување. Јасно е дека Украинецот и покрај тоа што имаше многу шанси да се докаже кај Маурицио Покетино, не го оправда вложеното во неговиот трансфер.
За разлика од Покетино, неговиот наследник Енцо Мареска не смета на Украинецот.
Поради тоа, Мудрик бил подгтовен во јануари да земине на позајмица, незадоволен од статусот што го има во тимот.
Англиските медиуми пишуваат дека Олимпик Марсеј покажува интерес за крилниот напаѓач. Според овие извори, Марсеј на чија клупа од оваа сезона седи Де Зерби, сака да го позајми Мудрик со опција на крајот на сезоната да го откупи неговиот договор.