Македонија
СДСМ: Сиљановска и министрите сами си ги објавија фотографиите со бугарските знамиња

„После свадба тапани, се реакциите на кабинетот на Силјановска и најавите кои ги слушаме од МНР и Тимчо Муцунски. За понижувањето на државата и големиот срам кој го приредија Силјановска и министрите на Мицкоски во Бугарија се криви самите тие, а сега се обидуваат да ја поправат штетата со што уште повеќе се заплеткуваат во скандалот“, велат од СДСМ.
„Силјановска свесно прифатила, се сликала а потоа и самата објавила средба без ниту едно државно обележје, без македонско знаме. Истото го направиле и министрите во Владата на Мицкоски. Овој скандал ќе поминеше незабележан доколку јавноста бурно не реагираше на него и затоа обидите да се покаже некава сила после овој дипломатски дебакл е само јалов обид да се оправда дилетантизмот и наивноста на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска. Овој скандал потврдува дека Владата и институците предводени од Мицкоски и Силјановска, немаат никаков капацитет за меѓународна политика уште помалку да обебзедат подобри услови на земјата во меѓународни рамки“, посочуваат од СДСМ и додаваат:
„Зар Силјановска е таа што ќе обезбеди промена на преговарачката рамка или нови услови во однсите со ЕУ? Муцунски ли е тој што треба да се бори за македонските позиции во меѓународни рамки а не успеал една средба во Софија достоинствено да ја организира? ВМРО-ДПМНЕ нема знаење, нема капацитет и нема одговорност да ја води државата на меѓународно ниво и со нив напредок ќе нема на ниту едно поле“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степена.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.
Времето во наредните денови
Во петок и во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во опаѓање.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Денеска во временски период од 09:00 до 14:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот од центар на град Куманово по улицата 3-та МУБ, обиколница за Свети Николе, магистрален пат Куманово – Крива Паланка и по регионален пат Куманово граничен премин Пелинце до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде во прекин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Акција во мотел во Тетово: Приведено лице за проституција, повреден е полицаец

Полициски службеници од СВР Тетово спречија трагичен крај на млада девојка и истовремено приведеа маж под сомнение за посредување во проституција.
Интервенцијата се случила околу 14:35 часот, по пријава од лице со иницијали Л.К., кое пријавило недоразбирање со женско лице кое не сакало да го напушти мотелот. Кога полицијата пристигнала на терен, било утврдено дека девојката стоела на работ од прозорецот во собата, заканувајќи се дека ќе скокне или ќе се повреди.
По наредба на јавен обвинител, полицајците ја отвориле вратата со сила и успеале да ја спречат девојката во нејзината намера. Таа веднаш била пренесена во Клиничката болница во Тетово за лекарска помош.
Во акцијата, еден полициски службеник се здобил со полесни повреди.
Полицијата во меѓувреме го лишила од слобода Л.К. под сомнение за посредување во проституција. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.