Црна хроника
Маж удрил по малолетниот брат, жена по сестра си – семејно насилство во Скопје

Физички нападнати се две лица од нивните брат и сестра во одделни случаи вчера во Скопје.
Полицијата изврши службен разговор со Н.С.(20) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 00.30 часот на подрачјето на Чаир физички го нападнал својот малолетен брат.
Истиот ден во 12.15 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријавила дека, по претходна расправија, била физички нападната од нејзината сестра А.Б.(47) од Скопје, која употребила и тврд предмет.
Од МВР велат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Претрес во Кисела Вода, пронајдена дрога, уапсен скопјанец

Денеска во 06:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 34-годишниот Г.А. од Скопје.
При извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Топ
Планинари од Белгија спасени од полициски тим: биле нападнати од овчарски кучиња, па бегајќи од нив, се качиле на столб за мобилна телефонија

Вчера во 19:13 часот во ОВР Дебар е примен повик за помош од страна на белгиски државјани кои планинареле во планинскиот појас над Дебар, но биле нападнати од кучиња.
Констатирано е дека тие се наоѓаат во близина на селото Новак, општина Центар Жупа, по што полициски тим со теренско возило веднаш се упатил кон селото, каде заедно со ловочуварот од селото Новак ги пронашле тројцата планинари, белгиските државјани Л.М.(42), М.Л.К.(62) и Ј.Ј.(41), кои бие безбедно пренесени до нивното моторно возило.
Тие појасниле дека откако поставиле камп шатор, биле нападнати од овчарски кучиња, а бегајќи се качиле на столб за мобилна телефонија. Лицата биле во добра здравствена состојба, без повреди.
фото: принтскрин
Топ
Скопјанец ја турнал мајка си, ја давел, па кршел саксии по дворот, Обвинителството бара притвор

Скопското Обвинителство поведе постапка против 40-годишен маж од Скопје, осомничен дека извршил телесна повреда врз својата мајка, во инцидент што се случил на 21 септември во семејниот двор на улицата „Славејко Арсов“.
Според истрагата, осомничениот на висок тон барал пари од своите родители. Неговиот татко, вознемирен, го напуштил дворот, но синот продолжил да ѝ се обраќа на мајка си со навреди и грубости, по што и физички ја нападнал – се обидел да ѝ го земе телефонот, ја турнал на земја и почнал да ја дави за вратот.
Исплашена за својот живот, жената успеала да се тргне на страна, додека синот продолжил да уништува предмети и саксии низ дворот. Таа задобила телесни повреди, а Обвинителството побара притвор, поради ризик од бегство и загрозување на жртвата, со која и понатаму живее во иста заедница.