Македонија
Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Црна Гора
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Црна Гора, Зоран Миљаниќ.
На церемонијата на предавање на акредитивните писма претседателката Сиљановска-Давкова изрази задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка во сите области од заемен интерес.

„Искрено, се надевам дека со Вашиот ангажман ќе продолжиме заеднички и со заемна волја и посветеност да ја интензивираме соработката, со посебен акцент на економската и надворешнотрговската соработка, туризмот и промовирањето на заедничките активности и проекти, кои се во интерес на двете земји и нашиот регион“, истакна претседателката додавајќи дека очекува соработка и поддршка во реализацијата на националните, регионалните и меѓународните иницијативи и проекти.
Во своето обраќање на церемонијата амбасадорот Миљаниќ ја изрази желбата за продолжување на развивањето и зајакнувањето на пријателските односи меѓу двете земји.

Претседателката Сиљановска-Давкова на амбасадорот Зоран Миљаниќ му посака успех во извршувањето на одговорната функција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

