Спорт
Родителите разочарани – Ендрик се ожени со пет години постара манекенка

Новата ѕвезда на Реал Мадрид, Бразилецот Ендрик, повторно е во центарот на вниманието откако потврди дека се оженил со бразилската манекенка Габриела Миранда, иако неодамна го прослави својот 18-ти роденден.
Ендрик летово пристигна во Реал според претходно договорениот трансфер вреден 50 милиони евра како еден од најголемите таленти на денешницата.
Младиот Бразилец веднаш се најде во центарот на вниманието на јавноста кога во едно интервју изјави дека еден од неговите идоли кога растел бил Боби Чарлтон, поради што многумина го исмејуваа.
На неговите соиграчи од Реал им беше смешно што го спомна легендарниот Англичанец, поради што веднаш му го дадоа прекарот „Боби“.
Сега тој е во центарот на вниманието поради неочекуван потег во приватниот живот.
Тој се огласи на социјалните мрежи и потврди дека одлучил да се ожени, што ги изненади сите. Ендрик се ожени со Габриели Миранда која е пет години постара од него.
Ендрик пред два месеци го прослави 18-тиот роденден, со одлуката да се ожени ги изненадил и родителите.
Congratulations to Endrick as he reveals he has got married to his partner Gabriely Miranda 💍🇧🇷 pic.twitter.com/ztytoje51m
— CentreGoals. (@centregoals) September 16, 2024
Бразилските медиуми пишуваат дека родителите на Ендрик се противеле на бракот Габриела, сметале дека е тој се уште е премлад за таков чекор, а очигледно не се премногу воодушевени од неговиот избор.
Тие се запознале кога Ендрик имала само 16 години и веднаш почнале да кружат гласини дека таа била со него за неговите пари.
Endrick with his partner.
Congratulations! 🤍 pic.twitter.com/O7CcMmtSVw
— Madrid Xtra (@MadridXtra) September 16, 2024
Одлуката Ендрик и Габриела да се венчаат била апсолутно изненадувачка за јавноста во Бразил бидејќи многумина веруваа дека нивната романса нема да трае толку долго.
Иако родителите на Ендрик биле против бракот, тој ги игнорирал нивните совети и решил да се ожени. Не е прв пат Ендрик да прави работи сам и спротивно на советите на родителите, а тие се плашат дека нивниот син премногу го искористуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Обамејанг шоу против Гамбија – Постигна четири гола и доби црвен картон

Со убедлива победа на гости против Сејшелите, фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска се доближија до пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада од 11 јуни до 19 јули следната година.
Брегот на Слоновата Коска се први на табелата во групата Ф, попладнево победија со 7:0 против Сејшелите со головите на Сангаре (7-11м), Агбаду (17), Диаките (32), Гесанд (39), Диоманде (55), Адингра (67) и Кеси (90).
„Слоновите“ сега имаат 23 бода, еден повеќе од Габон, кој ја победи Гамбија со 4:3 како гостин во натпревар полн со пресврти. Габон водеше со 1:0 и 2:1, Гамбија направи пресврт на 3:2, но на крајот Габон сепак победи со 4:3.
Сите четири гола за Габон ги постигна ветеранот Пјер-Емерик Обамејанг (20, 42, 62, 78), но беше исклучен во 85-та минута поради втор жолт картон, додека стрелци за Гамбија беа Минтех (23) и Сидибех (45+2, 47).
За четири дена, Брегот на Слоновата Коска ќе има можност да го обезбеди Светското првенство со победа дома против Кенија, додека Габон, со победа против Бурунди, ќе мора да чека кикс на „Слоновите“, за да го обезбеди своето историско прво патување на Светското првенство.
Спорт
Младата репрезентација со пресврт до победа над Ерменија

Младата македонска фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година.
Попладнево во Скопје, Македонија ја победи соодветната селекција на Ерменија со 2:1. Херој на победата беше стрелецот на двата гола, Димитар Трајков.
Македонските надежи со пресврт во второто полувреме дојдоа до првите бодови во Е групата. Ерменците имаа предност од 38-та минута кога погоди Ховханисијан.
Пресвртот го режираше напаѓачот на Работнички, Трајков, со головите во 54-та и 83-та минута.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија
Спорт
(Видео) Бразил ја декласира Јужна Кореја

Бразилската фудбалска репрезентација ја победи Јужна Кореја со 5:0 во пријателски натпревар одигран во Сеул.
Екипата на Карло Анчелоти ја демонстрираше својата сила против една од најдобрите азиски селекции.
Двојни стрелци за „селесао“ беа Естевао (13, 47) и Родриго (41, 49), додека еден гол постигна Винисиус Жуниор (77).
Со играта, Бразил потсети на најдобрите денови на оваа репрезентација, Родриго, Естевао, Куња, Винисиус правеа што сакаат на теренот.
Foto/ EPA