Свет
Руско Министерство за одбрана: Во текот на ноќта уништени се 54 украински беспилотни летала во пет региони

Руската противвоздушна одбрана синоќа уништи 54 украински беспилотни летала во пет региони, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Синоќа беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад врз објекти на територијата на Руската Федерација“, се вели во соопштението, пренесува агенцијата РИА Новости.
Дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија 27 авиони над Курск, 16 над Брјанск, седум над Смоленск, три над Белгород и еден над регионот Орила, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Невролозите објаснуваат зошто Путин секогаш оди со вкочанета десна рака

Многумина забележале дека рускиот претседател Владимир Путин има многу необичен начин на одење – додека неговата лева рака слободно се ниша, десната останува речиси неподвижна. И додека некои го припишуваат ова на карактеристиките на личноста или здравјето, експертите веруваат дека причината лежи на друго место.
Според експертската теорија, движењето на Путин има корени во неговото минато – особено во обуката што ја поминал како агент на поранешната советска КГБ.
Професор по неврологија Бастијан Блум и неговите колеги од Медицинскиот центар на Универзитетот Радбауд во Холандија детално го анализираа одењето на Путин и го објавија своето истражување во 2015 година во онлајн изданието на Британскиот медицински журнал.
„На неколку последователни снимки забележавме дека претседателот на Русија покажува јасно намалено замавнување на десната рака додека оди“, напишаа тие. Во потрагата по можни објаснувања, наишле на прирачник на КГБ во кој пишувало дека оперативците биле обучени да го држат оружјето во десната рака како стандардна положба додека се движат за да можат брзо да реагираат во случај на опасност.
„Сметаме дека оваа шема на одење, која ја нарекуваме ‘од на револвераш’, може да биде последица на однесување стекнато за време на обуката за оружје“, заклучија тие.
Путин не е единствениот висок руски функционер со ова карактеристично одење. Слична шема беше забележана кај поранешниот премиер Дмитриј Медведев, поранешниот министер за одбрана Анатолиј Сердјуков, високиот функционер Сергеј Иванов и поранешниот генерал Анатолиј Сидоров.
„Овој феномен е силно поврзан со воена или разузнавачка обука, каде безбедноста и брзата реакција имаат предност пред дури и навидум незабележливите гестови“, додаваат професорите по неврологија.
Свет
Трамп: Русите бомбардираат како луди

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на средбата со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека не му се допаѓа тоа што Русија неодамна ги интензивира нападите врз Украина, пишува „Украинска правда“.
„Не сум задоволен од тоа што се случува со бомбардирањето затоа што тие (Русите) моментно бомбардираат како луди“, рече Трамп и додаде дека ситуацијата не е добра.
Тој исто така потсети дека САД водат преговори со Русија и со Украина за потенцијално мирно решавање на конфликтот.
„Се приближуваме до некаков договор. Но, не сум задоволен од сите бомбардирања што се случуваа минатата недела. Тоа е страшно. Тоа е страшна работа“, заклучи Трамп.
Во петокот, 4 април, Русија лансира балистичка ракета врз родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Криви Рих. Во нападот загинаа 20 лица, меѓу кои девет деца. Повредени се повеќе од 70 луѓе, меѓу кои и деца и тримесечно бебе.
Нападот на Криви Рих беше наречен најсмртоносниот поединечен напад врз деца во Украина од почетокот на војната од страна на ОН.
Украинскиот претседател Зеленски го осуди нападот како чин на екстремен цинизам и суровост и ја повика меѓународната заедница да изврши поголем притисок врз Русија да престане со таквите злосторства.
Свет
Иран ја потврди изјавата на Трамп: Овој викенд почнуваат преговорите за нуклеарната програма

Иран ја потврди изјавата на Доналд Трамп дека ќе разговара со САД овој викенд по неколкумесечните зголемени тензии околу нуклеарната програма на земјата, пишува „Блумберг“.
„Иран и САД во сабота ќе се сретнат во Оман на индиректни разговори на високо ниво“, објави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, на социјалната мрежа „Икс“. „Тоа е колку можност, толку и тест. Топката е на американскиот терен“.
Според државниот медиум Nour News, преговорите ќе ги водат Арагчи и Стив Виткоф, специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток и еден од најблиските советници на претседателот, а за време на разговорите ќе посредува оманскиот министер за надворешни работи, Бадр Албусаиди.