Македонија
Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, попладне со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието.
Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи. Минималната температураќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
И во петок ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Во деновите од викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за слаб локален дожд во планинските региони. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20%, соопшти СДСМ
„ДПМНЕ не прифати покачување на платите на полицајците за 20%. СДСМ поднесе амандман за зголемување на платите на полициските службеници и на сите вработени во МВР за 20%, но власта на ДПМНЕ и пратениците од мнозинството го одбија“, велат од СДСМ.
„Полицајците се клучна алка за безбедност и сигурност на граѓаните, чувари на редот и мирот. Тие се секогаш во првите редови подготвени да го ризикуваат својот живот за државата и за сите граѓани.
Над 25 вооружени инциденти се случија во изминатите неколку месеци што е јасен показател за значењето на полициските службеници за безбедноста и сигурноста на граѓаните.
Секаде во регионот има зголемување на платите во безбедносните сили, и тоа во Црна Гора платите се зголемени за 100%, во Србија 45%, во Босна и Херцеговина 40%, Албанија за 20%, Косово за 30 проценти. Само во Македонија не се ценат полицијаците, тие се понижени и деградирани од Тошковски и ДПМНЕ.
Власта на Мицкоски нема капацитет и ја влошува безбедноста на граѓаните а покажаа и дека воопшто не им е грижа за стандардот на полицајците ниту за понатамошен развој на Министерството за внатрешни работи
Нивната цел е само да го партизираат и да го злоупотребуваат МВР во партиски потреби за целосно враќање на МВРО-ВМРО“, соопштува СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија
Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија.
Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е на 21 километар од Кичево.
Македонија
(Видео) ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија, велат од Левица
„На вчерашната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, постави прашања за кои јавноста чека одговор од владините функционери на ДПМНЕ коишто продолжуваат по стапките на нивните претходници од СДС“, велат од Левица.
„Прашањето на пратеникот од Левица, кое не наиде на одговор беше: Зошто и владата предводена од ДПМНЕ, наместо да ја укине т.н. мешовита историска комисија, која е надлежна да ја ‘ревидира’ историјата на Македонија – тие ја ‘реконструираат’, во целост го почитуваат францускиот предлог и договорот со Бугарија?!
За да избегнат одговор на ова прашање, функционерите од ДПМНЕ предизвикаа тепачка во Собранието, провоцирајќи, силејќи и пцуејќи го лидерот на Левица, Димитар Апасиев, и неговото семејство“, соопшти Левица.